Back to top

Sabbath Bible Lessons

СУШТИНАТА НА ПРОРОШТВАТА

 <<    >> 
САБОТА, 23 МАЈ 2026 8 ЛЕКЦИЈА
Пророкот од Патмос ЗАПОМНЕТЕ ГО СТИХОТ: „А еден од учениците, кого Исус го сакаше, беше се навалил на градите Исусови“ (Јован 13:23).
Предлагаме да прочитате:   Делата на апостолите, 539-556. 
„По Христовото вознесение, Јован се истакнал како верен и ревносен работник за Учителот.“ — Делата на апостолите, 546.

1. УЧЕНИКОТ КОГО ИСУС ГО ЉУБЕШЕ Нед ела, 17 мај
а. Кои примери ја откриваат блискоста меѓу ученикот Јован и Исус? Матеј 17:1; Марко 14:33; Лука 8:51. „Како што се чинело, (Јован) уживал големо Христово пријателство и му биле дадени многу знаци на доверба и љубов од страна на Спасителот. Тој бил еден на тројцата на кои им било дозволено да бидат сведоци на Христовата слава на гората на преобразувањето и на Неговата агонија во гетсиманската градина. На негова грижа Учителот му ја доверил својата мајка во оние последни мигови од претсмртната агонија на крстот.“ — Делата на апостолите, 539. б. Како Јован се издвојуваше од другите ученици? Јован 13:23; 21:20 (прв дел), 24. „Јован и Јаков, Андреј и Петар, Филип, Натанаил и Матеј биле поблиску поврзани со Христа од останатите и виделе повеќе од Неговите чуда. Петар, Јован и Јаков биле уште поинтимно поврзани со Него. Тие речиси постојано биле покрај Него, гледајќи ги Неговите чуда и слушајќи ги Неговите зборови. Јован бил уште потесно поврзан со Исуса, така што бил означен како оној, кого Исус го љубел. Спасителот ги љубел сите, но Јовановиот дух бил најприемчив. Тој бил најмлад од сите и со поголема детска доверба му го отворил своето срце на Исуса. На тој начин стекнал поголема наклонетост кон Христа и преку него било соопштено најдлабокото Спасителово духовно учење на Неговиот народ.“ — Копнежот на вековите, 292.

2. ПРЕОБРАЗЕН КАРАКТЕР Пон еделник, 18 мај
а. Кое е значењето на името што Исус им го даде на Јован и на неговиот брат Јаков? Марко 3:17. „Јован по природа ја немал таа милност и благост на карактерот што се откривале во неговиот подоцнежен живот. Пред тоа тој имал сериозни карактерни недостатоци. Бил не само горделив, самоуверен и славољубив, туку и нагол и ги паметел навредите. Тој и брат му биле наречени „синови на громот”. Омилениот ученик бил намрштен, одмаздлив и со критички дух. Меѓутоа, под сето тоа божествениот Учител видел огнено, искрено срце кое знае да сака. Христос го укорувал неговото самољубие, ги разочарал неговите амбиции и неговата вера ја ставал на сериозна проверка; но му го открил она за што копнеела неговата душа - убавината на светоста, моќта на љубовта која преобразува.“ — Делата на апостолите, 539. б. Како Јован научи нов начин на однесување кон другите? Јован 13:34; 1 Јованово 4:7–8. „Христовите поуки, со кои покажал дека кротоста, понизноста и љубовта се неопходни за напредување во милоста и во оспособувањето за неговото дело, имале најголемо значење за Јована. Тој секоја поука ја сметал за драгоцена и постојано се трудел својот живот да го сообрази со божествениот пример. Христовата слава Јован почнал да ја сфаќа не како земен раскош и власт, на кои бил научен да се надева, туку како ‘слава што ја има како единороден од Отецот - полн со благодат и вистина’ (Јован 1:14).“ — Делата на апостолите, 544. в. Опишете ги резултатите од срце полно со љубов кон ближните. 1 Јованово 3:10–11; Јован 13:35. „Длабоката и топла љубов на Јована кон својот Учител не била причина на Христовата љубов кон него, ами напротив, последица и производ на таа Христова љубов. Јован копнеел да биде сличен на Исуса и под влијание на Христовата љубов тој станал кроток и понизен. Неговото ‘јас’ наполно било скриено во Исуса. Повеќе од сите други Јован бил предан и проникнат со силата на тој чудесен живот. Тој кажува: ‘животот се јави, а ние го видовме.’ ‘И сите ние примивме од Неговата полнота благодат врз благодат’ (1 Јованово 1:2; Јован 1:16). Јован го познавал Спасителот од лични доживеани искуства. Поуките на Учителот трајно му се врежале во срцето. Кога сведочел за милоста на Спасителот, убедлива речитост на неговите толку едноставни зборови им давала токму љубовта што го проникнувала целото негово суштество.“ — Делата на апостолите, 544.

3. ПРОГОНЕТ НА ПАТМОС Вто рник, 19 мај
а. Бидејќи обидите да му се одземе животот на Јован не вродија со плод, каде на крајот беше прогонет? Откровение 1:9. „Јован бил повикан во Рим за да му се суди заради неговата вера. На властите во Рим науката на Јована им била неточно претставена. Лажните сведоци го обвинувале дека шири бунтовничка ерес. Непријателите на ученикот се надевале дека со ваквите обвиненија на најсигурен начин ќе издејствуваат негова смрт.Во својата одбрана Јован одговарал јасно и убедливо, и со таква едноставност и искреност, што неговите зборови оставале силен впечаток. Оние што го слушале биле изненадени од неговата голема мудрост и речитост. Меѓутоа, колку неговото сведоштво станувало поубедливо, омразата на неговите непријатели станувала подлабока...Јована го фрлиле во котел со вриено масло, но Господ му го спасил животот на својот верен слуга исто онака како што ги избавил тројцата Евреи од усвитена печка. Кога биле изговорени зборовите: „Така нека пропадне секој што верува во тој измамник, Исус Христос Назареќанецот”, Јован рекол: ‘Мојот Господ стрпливо поднесуваше сè што можеа да измислат сатаната и неговите ангели за да го понижат и да го мачат. Тој го даде својот живот за да го спаси светот. Јас се гордеам што ми е дозволено да страдам за неговото дело...’Тие зборови имале влијание врз сите присутни и истите луѓе што го фрлиле во котелот со вриено масло, го извадиле од него...Со декрет на императорот Јован бил протеран на островот Патмос... Неговите непријатели сметале дека тука нема веќе да се чувствува неговото влијание и дека најпосле ќе мора да умре во неволја и очај.“ — Делата на апостолите, 569,570. б. Која драгоцена прилика се укажа со неговото прогонство? Откровение 1:1–3, 10–11. „Пустиот карпест остров во Егејско Море, Патмос, римските власти го одбрале како место на кое ги праќале злосторниците во изгнанство. Меѓутоа, за Божјиот слуга тоа стушено престојувалиште станало небесна капија. Далеку од животната врева и од активната работа на поранешните години, тој тука бил во друштво со Бога, со Христа и со небесните ангели, и од нив примал упатства за црквата во сите идни времиња. Прикажани му се настаните што ќе се одиграат на крајот од историјата на оваа земја и тука ги опишал визиите што ги примал од Бога.“ — Делата на апостолите, 570,571.

4. СРЕДБА СО ХРИСТА Сре да, 20 мај
а. Како Христос му се јави на Јован во видение на Патмос? Откровение 1:12–16. „(Саканиот ученик) го видел својот Учител во гетсиманската градина, кога неговото лице во смртна агонија го пробивале капки крвава пот, кога ‘лицето му беше толку нечовечки обезобразено, што со ставата не личеше веќе на човек’ (Исаија 52:14). Го видел во рацете на римските војници, облечен во стара пурпурна облека и со трнов венец на главата. Го гледал распнат на Голгота, како предмет на свирепи потсмеви и презир. Сега на Јована уште еднаш му било дозволено да го види лицето на својот Господ.“ — Делата на апостолите, 582. б. Каква беше реакцијата на Јован, и каква задача имаше Исус за него? Откровение 1:17–19. „Јован бил охрабрен за да може да остане жив во присуство на својот Господ. Тогаш пред неговите зачудени очи се отворила небесната слава. Му било дозволено да го види Божјиот престол и, фрлајќи поглед преку земните борби, видел мноштво откупени во бела облека. Слушнал музика на небесните ангели и триумфалната песна на оние што победиле со крвта на Јагнето и со речта на своето сведоштво. Во откровението што му е дадено тука едноподруго се укажувале најпотресни сцени од искуството на Божјиот народ, а историјата на црквата му е покажана сè до крајот на векот. На Јована во пророчки слики и симболи му се прикажани предмети од големо значење, и негова должност била да ги забележи за верниците на тоа време, како и за оние што ќе живеат во идните векови за да можат да имаат разумна претстава за опасностите и судирите што им претстојат.“ — Делата на апостолите, 582,583. в. На кој начин книгата Откровение е лична порака за секој од нас? Откровение 1:4–6; 3:22. „Ова откровение е дадено да послужи како патоказ и потпора за црквата за сето време на христијанската ера. Па сепак, верските учители тврдат дека тоа е запечатена книга и дека нејзините тајни не можат да се досегнат. Затоа мнозина загубиле секаков интерес за тие пророчки записи и не сакаат да посветат време за проучување на нејзините тајни. Но Бог не сака неговиот народ да заземе таков став кон таа книга.“ — Делата на апостолите, 583.

5. УВЕРЕНИЕ ЗА ХРИСТОВОТО ПРИСУСТВО Чет врток, 21 мај
а. Што значеше видението за Христос меѓу седумте златни светилници? Откровение 1:20 „За Христа овде е кажано дека оди среде златни светилници. Со ова симболички е прикажан неговиот однос спрема црквите. Тој е во постојана врска со својот народ. Тој ја знае нивната вистинска состојба. Тој го посматра поредокот, однесувањето и редот во црквата, ја гледа побожноста и приврзаноста на нејзините припадници. Христос, иако првосвештеник и посредник во небесното светилиште, сепак е прикажан како оди среде своите цркви на земјата. Тој неуморно бдее за да види дали ослабела или дали се угасила светлината на некои од неговите стражари. Кога светилниците би се препуштиле исклучиво на човечка грижа, треперливото пламенче извесно време би тлеело и набргу би се угасило. Но Тој е вистински стражар во Господовиот дом, вистински чувар во предворјето на храмот. Неговата постојана грижа и безмерна милост претставуваат извори на живот и светлина.“ — Делата на апостолите, 586. б. Опишете ја целта на Божјите пораки до Црквата, претставена како целина преку седумте цркви во Откровение, поглавја 2 и 3. „Имињата на седумте цркви симболички ја претставуваат црквата во различни периоди на христијанската ера. Бројот седум означува совршенство и симболички го прикажува фактот дека значењето на дадената порака се протега сè до крајот на времето, додека употребените симболи ја откриваат состојбата на црквата во различни периоди од историјата на светот.“ — Делата на апостолите, 585.„Црквата опаѓала и затоа ѝ бил потребен строг укор и казна; и Јован бил инспириран да ги запише пораките кои носат во себе опомена, укор и сесрдни повици до оние кои, губејќи ги од вид основните начела на евангелието, ја изложиле на опасност и својата надеж на спасение. Меѓутоа, зборовите со кои Бог укорува, и кои ги смета за неопходни, секогаш се проникнати со љубов и совет дека секој верник што ќе се покае, ќе добие мир.“ — Делата на апостолите, 587.

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА Пет ок, 22 мај
1. Иако Исус немаше миленици, зошто Јован беше наречен љубениот ученик? 2. Што доведе до промена во животот и карактерот на Јован? 3. Како Бог ги осуети намерите на злите луѓе кои се обидоа да се ослободат од Јован? 4. Иако често погрешно се нарекува запечатена книга, што значи Откровението за нас? 5. Објасни ги Божјите намери во испраќањето пораките на укор до Неговата Црква.
 <<    >>