Дар во првата сабота
Сабота, 6 јуни 2026 За молитвениот дом во Прага, ЧешкаЧешката Република е држава во самото срце на Европа и граничи со Германија, Полска, Австрија и Словачка. Во неа се наоѓа Бохемија, историски регион со живописни села, величествени дворци и богато културно и духовно наследство, каде што Јан Хус (1369–1415) ги започнал своите големи реформи. Денес тоа е модерна секуларна држава со околу 10,9 милиони жители, од кои повеќе од 1,4 милиони живеат во главниот град Прага.Прага не е само историски и културен центар, туку и место каде што илјадници луѓе имаат духовна потреба, каде што многумина трагаат по смислата на животот, надеж и мир во срцето. Меѓу населението, 47,8% се сметаат за нерелигиозни, 11,7% се изјаснуваат како христијани (од нив 9,3% католици и 2,4% други христијански деноминации), а 10,8% припаѓаат на други религии.Делото на Реформното движење на АСД во овој град започна во мај 2014 година, кога само тројца луѓе се собраа на првиот состанок. Подоцна, во август 2020 година, еден пастор и неговото семејство беа испратени тука за да ја објавуваат пораката на сегашната вистина за спасение на изгубените души.Денес прашката црква брои 30 членови, а заедно со заинтересираните и оние што се подготвуваат за крштевање, има околу 70 луѓе. Богослужбите моментално се одржуваат во изнајмен простор, но црквата усрдно се моли за можност да купи или изгради сопствен молитвен дом — место каде што Божјиот народ може да се собира, да се зајакнува во верата и да ја споделува светлината на вистината со луѓето околу себе.„Домот во кој се молиме на Бога мора да одговара на Неговиот карактер и величество.“ – 5 Сведоштво, 268.Драги браќа и сестри, денес имаме благословена можност да учествуваме во ова големо Божјо дело. Вашиот дар е вложување во вечноста — во спасението на души и во зајакнувањето на црквата во самото срце на Европа. Ве молиме, молете се за Божјо водство, великодушно поддржете го овој потфат и споделете ја оваа потреба со другите. Нека Господ го благослови секој што со љубов учествува во ова дело!„Секогаш Му благодариме на Бога за сите вас, сеќавајќи се на вас во молитвите наши, непрестано“ (1 Солуњаните 1:2).
Вашите браќа и сестри Прага