Back to top

Sabbath Bible Lessons

СУШТИНАТА НА ПРОРОШТВАТА

 <<    >> 
САБОТА 6 ЈУНИ 2026 10 ЛЕКЦИЈА
Ѕверот и белегот ЗАПОМНЕТЕ ГО СТИХОТ: „И ќе направи на сите - мали и големи, богати и сиромаси, слободни и робови - да им се стави белег на десната рака или на челата нивни“ (Откровение 13:16).
Предлагаме да прочитате:   Големата борба, 439–450. 
„Роговите како кај јагне, а гласот како на змев симболично укажуваат на забележливата противречност меѓу начелата и постапувањето на вака прикажаната нација.“ — Големата борба, 442.

1. МЕШОВИТАТА ЅВЕР Нед ела, 31 мај
а. Што виде Јован во Откровение 13:1 (првиот дел), и како го разбираме тоа во светлина на нашето проучување на Даниел 7:3? б. Што можеме да научиме од тоа како некои од физичките карактеристики на ѕверот се поврзани со четирите ѕверови што претходно ги проучувавме? Откровение 13:2; Даниел 7:4–6. „Во 13. глава (стихови 1-10) е опишан друг ѕвер кој ‘прилегаше на леопард’, на кој змевот му ја даде ‘силата своја, и престолот свој и голема власт’. Овој симбол, како што веруваа повеќето протестанти, го претставува папството кое наследило сила, престол и власт од античката Римска империја. За ѕверот сличен на леопард се кажува: ‘Нему му се даде уста што зборуваше големи зборови и богохулства... Тогаш ја отвори устата за хулење против Бога, за да го навредува името Негово, живеалиштето Негово и оние што живеат на небото. И му се даде да војува против светиите и да ги победи; му се даде власт над секое колено, јазик и народ’. Ова пророштво, кое речиси е идентично со описот на малиот рог во Даниел 7. глава, без сомнение укажува на папството.“ — Големата борба, 439.„Сатаната преку папството со векови управувал со граѓанските и со црковните власти на многу европски народи.“ — Големата борба, 268,269.

2. ПРОГОНИТЕЛСКА СИЛА Пон еделник, 1 јуни
а. Како се потврдува идентитетот на ѕверот врз основа на времето на неговата доминација? Откровение 13:5; Даниел 7:25. „‘И му се даде власт така да прави четириесет и два месеци’. Пророкот понатаму вели: ‘И видов дека една од главите негови како да беше смртно ранета’; потоа продолжува: ‘Кој во прогонство води, во прогонство ќе биде одведен; кој со меч убива, од меч треба да биде убиен’. Оние четириесет и два месеци имаат исто значење како и она ‘едно време, две времиња и половина време’, три и пол години или 1260-те дена од Даниел 7. глава - односно го означуваат времето во кое папската власт ќе го угнетува Божјиот народ. Овој временски период, како што е изнесен во претходните глави, почнал со папската превласт во 538 година по Христа, а завршил во 1798. година. Во тоа време француската војска го заробила папата; папската власт добила смртна рана и се исполнило пророштвото: ‘Кој во прогонство води, во прогонство и ќе биде одведен.’“ — Големата борба, 439. б. Како ќе биде намалена надмоќта на ѕверот сличен на леопард? Откровение 13:3 (првиот дел), 10. в. Какви постапки ќе преземе овој ѕвер? Откровение 13:6–8. „Влијанието на Рим во земјите што некогаш ја признавале неговата власт, сè уште не е уништено. И пророштвото претскажува обнова на неговата власт: ‘И видов дека една од главите негови како да беше смртно ранета, но таа смртна рана му заздраве. Тогаш се зачуди целата земја и тргна по ѕверот’ (Откровение 13:3). Нанесувањето на смртната рана укажува на падот на папството во 1798 година. Укажувајќи на ова време, пророкот вели: ‘Но таа смртна рана му заздраве. Тогаш се зачуди целата земја и тргна по ѕверот’. Павле јасно вели дека ‘човекот на беззаконието’ ќе постои сè до второто Христово доаѓање (2 Солунјаните 2:8). Тој ќе продолжи со своите измами сè до крајот на времето. Писателот на Откровението, мислејќи исто така за папството кажува: ‘И ќе му се поклонат сите земни жители, чии имиња не се запишани во книгата на животот на Јагнето’ (Откровение 13:8). На папството ќе му биде укажана почит во Новиот како и во Стариот свет со тоа што ќе биде воспоставено празнувањето на неделата, зашто таа (неделата) почива единствено врз авторитетот на Римската црква.“ — Големата борба, 578.

3. ЅВЕР СЛИЧЕН НА ЈАГНЕ Вто рник, 2 јуни
а. Која нова политичка сила се појавува на светската сцена токму во времето кога папската сила ја добива својата смртна рана? Откровение 13:11. „Но ѕверот со рогови како кај јагне е виден ‘како излегува од земјата’. Наместо да ги урне другите власти и самиот да воспостави своја власт, оваа вака претставена нација мора да се појави на една досега ненаселена територија и да се развива постепено и мирно. Затоа таа не можела да излезе од многубројните и меѓусебно завојувани народи на Стариот свет, односно од она немирно море на ‘луѓе и народи, племиња и јазици’. Неа мораме да ја бараме на Западниот континент.Која нација во таканаречениот Нов свет почнала да се подига во 1798 година и станувала сè посилна и помоќна и го привлекла на себе вниманието на светот? Примената на овој симбол е надвор од секое сомневање. Само една единствена нација одговара на податоците на ова пророштво. Тоа јасно упатува на Соединетите Американски Држави. Често говорниците и историчарите несвесно ја употребувале мислата, а понекогаш и самите зборови на пророкот при опишувањето на настанокот и развојот на оваа нација. Ѕверот е виден ‘како излегува од земјата’. Зборот ‘излегува’ може да се преведе со ‘никнува или израснува како билка’. Но, како што видовме, таа нација морала да се појави на дотогаш ненаселена територија...‘Имаше два рога како кај јагне’. Роговите како кај јагне укажуваат на младост, невиност и благост, што точно одговара на карактерот на Соединетите Држави во времето кога пророкот ги видел како се подигаат во 1798 година. Меѓу христијанските изгнаници кои први избегале во Америка и побарале засолниште пред угнетувањето на кралевите и пред нетрпеливоста на свештениците, имало многу такви кои решиле да основаат држава на широкиот темел на граѓанска и верска слобода. Нивните идеали биле внесени во „Декларацијата за независност“, којашто ја нагласува големата вистина дека „сите луѓе се родени еднакви“ и надарени со неотуѓиво право ‘на живот, слобода и потрага по среќа’. Уставот му гарантира на народот право на самоуправување, што значи дека од народот избрани претставници создаваат закони и се грижат за нивна правилна примена. Загарантирана е и верска слобода и секому му било дозволено на Бога да му служи според својата совест. Републиканскиот облик на владеење и протестантизмот беа основни начела на нацијата. Овие начела се тајна за нивната моќ и напредок. Многумина, кои во христијанските земји ширум Европа, биле прогонувани и угнетувани, се упатиле во оваа земја со големи очекувања и полни со надеж. Милиони се истовариле на нејзините брегови и Соединетите Држави се издигнале во редот на најсилните држави на светот.“ — Големата борба, 440,441.

4. ЗБОРУВА КАКО ЗМЕВ Сре да, 3 јуни
а. Кој шокантен развој на настаните треба да се случи, а ќе го спроведе ѕверот сличен на јагне? Откровение 13:12,16. „Роговите како кај јагне, а гласот како на змев симболично укажуваат на забележливата противречност меѓу начелата и постапувањето на вака прикажаната нација. ‘Говорот’ на една нација се одлуките на нејзините законодавни и судски власти. Со овие одлуки ќе ги негира слободоумните и мирољубиви начела што ги поставила како основа на својата државна политика. Пророштвото дека ќе зборува ‘како змев’ и ‘ја извршува сета власт на првиот ѕвер’, јасно го нагласува развојот на духот на нетолеранција и прогонство што го покажале и народите претставени со змевот и со ѕверот сличен на леопард. А изјавата дека ѕверот со два рога како кај јагне ќе направи ‘целата земја и жителите нејзини да му се поклонат на првиот ѕвер’ покажува дека оваа нација својата власт ќе ја злоупотреби да наметне држење на нешто со што ќе му укажува чест на папството.Ваквата постапка директно би се спротивставувала на начелата на оваа држава, на духот на нејзините слободни институции, на директните и свечени одредби на Декларацијата за независност и на Уставот. Основачите на нацијата мудро настојувале да ја лишат црквата од световна власт, бидејќи тоа може да доведе до неизбежни последици како што се нетрпеливост и прогонство. Уставот предвидува дека: ‘Конгресот не смее да озакони почитување на некоја религија, ниту пак да го забрани нејзиното слободно исповедање, и дека религиозната припадност никогаш не смее да биде услов за добивање на било која одговорна јавна функција во Соединетите Држави’. Само со флагрантно кршење на овие заштитни мерки на националната слобода, државната власт би можела да наметне почитување на некој религиозен пропис.“ — Големата борба, 442. б. Како присилното наметнување на белегот на ѕверот ќе ја претставува пропаста на Соединетите Држави? Изреки 14:34; Псалм 119:126. „Секој век на расипништво си натрупувал гнев за денот на гневот; и кога ќе дојде времето, кога беззаконието ќе се исполни, тогаш Бог ќе го изврши Своето необично дело. Ќе се покаже дека е страшно да се исцрпи божественото трпение; зашто Божјиот гнев ќе падне толку јасно и силно што е прикажан како непомешан со милост, и самата земја ќе биде опустошена. Во време на национално отпадништво — кога, постапувајќи според сатанската политика, владетелите на земјата ќе застанат на страната на човекот на беззаконието — тогаш мерката на вината ќе биде полна; националното отпадништво е знак за национална пропаст.“ — Selected Messages, bk. 2, p. 373.

5. БЕЛЕГОТ НА ЅВЕРОТ Чет врток, 4 јуни
а. Кој знак ја обележува законодавната власт на Рим? Даниел 7:25. „Како знак на авторитетот на Католичката црква, папските писатели цитираат: ‘Токму оваа промена на саботата во недела со која се согласуваат и протестантите... бидејќи, со празнувањето на неделата тие ја признаваат власта на црквата да ги одредува празниците и дека престапувањето на тие празници претставува грев’ (Henry Fuberville, An Abridgment of the Christian Doctrine, page 58). Според тоа, што е друго промената на саботата ако не жиг или знак на моќта на Римската црква –’жиг на ѕверот’?...Кога празнувањето на неделата ќе биде наметнато со закон, и кога светот потполно ќе биде упатен и просветлен во врска со должностите кон вистинската сабота, тогаш сите што ќе ја прекршат Божјата заповед за да ја послушаат наредбата зад која што не стои поголем авторитет од оној на Рим, со тоа ќе му оддадат поголема почит на папството отколку на Бога.“ — Големата борба, 448,449. б. Опишете го врвот на спротивставените движења — едното што ќе ги просветли душите во врска со вистината и другото што ќе го наметне белегот на ѕверот. Откровение 13:13–15; 16:13,14; Матеј 24:14,24. „Црквата ќе се потпре врз силната рака на граѓанската власт и во тоа католиците и протестантите ќе се обединат. Кога движењето за задолжително празнување на неделата ќе биде посмело и порешително, тогаш и законот ќе биде повикан на помош против оние што ги држат Божјите заповеди. Ќе им се закануваат со парични казни и со затвор, а на некои ќе им се понудат влијателни места и положби, како и други награди и предности, како поттик да се откажат од својата вера. Но нивниот непоколеблив одговор ќе гласи: ,Докажете ни ја со Божјото слово нашата заблуда’ - истото она што го барал и Лутер кога се нашол во слични околности. Оние што ќе бидат доведени пред судовите ќе ја одбранат вистината силно и убедливо, и некои од оние што ги слушаат ќе бидат поттикнати да се решат да ги држат сите Божји заповеди. На овој начин светлината ќе осветли илјадници такви кои инаку никогаш не би дознале за овие вистини.“ — Големата борба, 607.

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА Пет ок, 5 јуни
1. Како некои од карактеристиките на ѕверот од Даниел 7 се пренеле и на Рим? 2. Потсети се на некои од начините на кои бројчано е изразен периодот од 1260 години папска превласт. 3. Зошто смртоносната рана не резултираше со смрт на ѕверот? 4. Кои единствени особини на Соединетите Држави беа прикажани со роговите на јагнето? 5. Дали луѓето кои денес ја празнуваат неделата веќе го примиле белегот на ѕверот?
 <<    >>