Првото видение на Даниел ЗАПОМНЕТЕ ГО СТИХОТ: „Видов како тој рог водеше борба со светиите и ги надвиваше, додека најпосле не дојде Старецот по определени дни и судот беше даден на светиите од Севишниот, па настапи време светиите да го завладеат царството“ (Даниел 7:21,22).
„Бидејќи се приближуваме кон крајот на историјата на овој свет, мораме да посветиме посебно внимание на пророштвата кои ги запишал Даниел, затоа тие се однесуваат на времето во кое живееме.“ — Пророци и цареви, 547.
1. ЧЕТИРИ ВЕТРОВИ, ЧЕТИРИ ЅВЕРОВИ Недела, 19 април
а. Кога Даниел го прими своето прво пророчко видение и како реагира на него? Даниел 7:1, 15, 16 (прв дел).„Кратко време пред падот на Вавилон, кога Даниел размислувал за тие пророштва и барал од Бога да му го протолкува времето, му било дадено цело видение за подигање и падот на царствата. Во првите виденија, како што е запишано во седмата глава од книгата на Даниел, дадено е едно толкување; сепак на пророкот не му било сѐ јасно.“ — Пророци и цареви, 553.б. Што беше претставено со природните елементи што беа видени? Даниел 7:2; Откровение 17:15; Еремија 25:31-33.в. Како ангелот го објасни значењето на четирите големи ѕверови што се појавија? Даниел 7:3, 16 (последниот дел), 17.„Големите светски царства што владееле со светот, му се претставени на пророкот Даниел со ѕверови.“ — Големата борба, 439,440.
2. ЦАРСТВА ШТО СЛЕДУВААТ Понеделник, 20 април
а. Кој беше првиот од четирите ѕверови и кое царство го претставуваше? Даниел 7:4; Еремија 50:17; Авакум 1:6-8.„(Вавилон) не ја исполни Божјата намера; и кога дојде времето што Тој го одреди, ова царство на гордост и сила, управувано од луѓе со највисок разум, беше скршено, разбиено и беспомошно. Христос изјави: ‘Без мене не можете да направите ништо.’ Славните државници на Вавилон не се сметаа зависни од Бога. Мислеа дека сами го создале целото свое величие и возвишеност. Но кога Бог проговори, тие беа како трева што венее и како цвет што овенува. Само Божјата реч и Неговата волја траат довека.“ — The Youth’s Instructor, September 29, 1903.б. Како беше опишан вториот ѕвер и кое царство го претставуваше? Даниел 7:5.„На секој народ кој се појавил на сцената на настаните му било дозволено да го заземе своето место на Земјата за да може да се види дали ќе ја исполни намерата на ‘Стражарот и Светецот’ (Даниел 4:13). Пророштвото го најавило подемот и падот на големите светски царства - Вавилон, Медо-Персија, Грција и Рим. Со секое од нив, како и со народите чија што моќ била помала, историјата се повторувала. Секое царство поминало низ период на проба, секое изневерило, славата му избледела, моќта исчезнала, а неговото место го зазело друго царство.Иако народите ги отфрлувале Божјите принципи, и со тоа отфрлување ја предизвикувале својата сопствена пропаст, сепак било очигледно дека божествената семоќна намера се исполнувала во сите нивни движења.“ — Воспитување, 176,177.в. Кои необични елементи го карактеризираа третиот ѕвер, кој го претставуваше Грчкото царство? Даниел 7:6.„Ако овие царства постојано го имаа пред себе стравот Господов, ќе им беа дадени мудрост и сила што ќе ги држеа обединети и силни. Но владетелите на светските царства Го правеа Бога своја сила само кога беа притиснати и збунети… Беа принудени да им се обратат на оние чиј ум беше осветлен со небесна светлина за да им ги објаснат тајните што не можеа да ги разберат.“ — The Youth’s Instructor, September 29, 1903.
3. РИМ, ЧЕТВРТОТО ЦАРСТВО Вторник, 21 април
а. Зошто било толку тешко со природни (вообичаени) термини да се опише четвртиот ѕвер? Даниел 7:7.„Светиот Дух световните царства ги претставува со симболи на сурови грабливи ѕверови; но Христос е ‘Јагне Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе’ (Јован 1:29). Во Неговиот план на владеење нема место за брутална сила за присилување на совеста.“ — Христовите поуки, 77.„Крстот бил знак на силата на Рим. Тој бил орудие на најсвиреп и најпонизен облик на смрт. Најлошите злосторници морале да го носат крстот до местото на кое се извршувала смртната казна и често, кога го поставувале врз нивните рамена, тие се спротивставувале со очајна сила, сѐ додека не биле совладани и орудието за мачење било приврзано за нив.“ — Копнежот на вековите, 416,417.б. Што беше видено меѓу роговите на четвртиот ѕвер? Даниел 7:8.„Во шестиот век папството веќе силно се зацврстило. Седиштето на неговата власт било поставено во царскиот град, а римскиот бискуп бил прогласен за глава над целата црква. Незнабоштвото му го отстапило местото на папството. Змевот му ја дал на ѕверот ‘силата своја, и престолот свој, и голема власт’ (Откровение 13:2). И така започнало илјада двесте и шеесет годишното папско угнетување, претскажано во пророштвото на Даниел и Откровението (Даниел 7:25; Откровение 13:5-7). Христијаните биле принудени да бираат: да ја напуштат правилноста на својот став и да ги прифатат папските церемонии и папското богослужение, или својот живот да го завршат во затвори, на разни направи за мачење или од џелатските секири. Тогаш се исполнувале Христовите зборови: ‘Ќе бидете предадени исто така и од родители, и од браќа, и од роднини и од пријатели, а некои од вас ќе бидат и убиени; и ќе бидете намразени од сите, заради Моето име’ (Лука 21:16,17). Настапило прогонство против верните со поголем гнев отколку кога било досега и светот станал огромно бојно поле. Стотици години Христовата црква наоѓала засолниште во осаменост, во изолација и во повлеченост. Пророкот тоа го прикажува вака: ‘Жената побегна во пустина, каде што имаше приготвено место од Бога за да ја хранат таму илјада двесте и шеесет дена’ (Откровение 12:6. повикан да го протолкува “ — Големата борба, 54,55.в. Што сакаше да дознае Даниел откако го виде видението? Даниел 7:19, 20.
4. МАЛИОТ РОГ Среда, 22 април
а. Што објасни ангелот во врска со страшниот четврти ѕвер, кој го претставуваше Римското царство? Даниел 7:23.б. Што беше откриено за малиот рог? Даниел 7:24.„Огромното Римско царство се распадна на делови, а од неговите урнатини се издигна таа моќна сила — Римокатоличката црква. Оваа црква се фали со својата непогрешливост и со својата наследена вера. Но оваа религија претставува ужас за сите што се запознаени со тајната на беззаконието. Свештениците на оваа црква ја одржуваат својата превласт држејќи го народот во незнаење за Божјата волја, како што е откриена во Светото писмо.“ — The Youth’s Instructor, September 22, 1903.в. Против кого ќе биде насочен гневот на силата на малиот рог? Даниел 7:21, 25.„Доаѓањето на Римската црква на власт го означува почетокот на мрачниот среден век. Како што растела нејзината моќ, темнината станувала сѐ погуста. Верата од Христос, кој го претставува нејзиниот вистински темел, била пренесена на Римскиот папа. Наместо да се обраќаат на Божјиот Син за простување на гревовите и за вечно спасение, народот гледал во папата и неговите ополномоштени свештеници и црковни великодостојници. Луѓето биле учени дека папата е нивен земен посредник и дека само преку него можат да се приближат до Бога, дека тој стои пред нив наместо Бога и дека сите безусловно мораат да му се покоруваат. Непочитувањето на неговите барања била доволна причина виновниците да бидат најстрого казнети, и изложени на најтешки мачења на телото и душата. Така мислите на народот биле одвраќани од Бога, а биле упатувани на грешни луѓе, свирепи и наклонети кон заблуди, дури повеќе од тоа, на самиот кнез на темнината, кој преку нив ја извршувал својата власт. Гревот бил маскиран со облека на светост. Кога Библијата ќе се забрани и кога за најголем авторитет ќе почне да се смета човекот, тогаш можеме да очекуваме само лага, измама и понижувачко беззаконие. Со издигањето на човечките закони и традиции се појавила расипаност што секогаш е последица на отфрлањето на Божјиот закон.Тоа биле денови на опасност за Христовата црква. Верни знаменосци навистина имало малку. Иако вистината не била оставена без сведоци, сепак понекогаш изгледало дека заблудата и суеверието целосно ќе надвладеат, а вистинската религија ќе исчезне од земјата. Евангелието било изгубено од вид, додека верските обреди биле умножени, а луѓето оптоварени со строго извршување на надворешни прописи на побожност.“ — Големата борба, 55.
5. СУДОТ Четврток, 23 април
а. Што ќе се случи за да се стави крај на власта на малиот рог? Даниел 7:26.„Оние четириесет и два месеци имаат исто значење како и она ‘едно време, две времиња и половина време’, три и пол години или 1260-те дена од Даниел 7. глава - односно го означуваат времето во кое папската власт ќе го угнетува Божјиот народ. Овој временски период, како што е изнесен во претходните глави, почнал со папската превласт во 538. година по Христа, а завршил во 1798. година. Во тоа време француската војска го заробила папата; папската власт добила смртна рана и се исполнило пророштвото: ‘Кој во прогонство води, во прогонство и ќе биде одведен.’“ — Големата борба, 439.б. Како е опишано заседавањето на судот? Даниел 7:9, 10, 13.„Христовото доаѓање што е опишано овде не е Неговото второ доаѓање на земјата. Тој доаѓа пред Старецот на небото да прими власт, слава и царство што ќе му бидат дадени на крајот на Неговата посредничка служба.“ — Големата борба, 480.в. Каков ќе биде резултатот од судот? Даниел 7:11, 14, 18, 22, 26, 27.„Со големиот план на спасението светот ќе биде вратен во својата првобитна состојба. Сѐ што било загубено со гревот, со Божјата милост повторно ќе биде вратено. Искупен е не само човекот, туку и целата земја да биде вечна татковина на послушните. Сатаната шест илјади години со сите сили се бори земјата да ја задржи под своја власт. Сепак, првобитната Божја цел, она заради што земјата и е создадена, конечно ќе се оствари. ‘Потоа, светиите на Севишниот ќе го земат царството и ќе владеат со него во векови’ (Даниел 7:18).“ — Патријарси и пророци, 342.
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА Петок, 24 април
1. Опиши ги четирите ѕверови што Даниел ги видел како излегуваат од морето.2. Наведи ги царствата што ги претставуваа ѕверовите и како се исполнија нивните карактеристики.3. Што ја направи силата на малиот рог поинаква од другите прикажани сили?4. Кои беа „големите“ зборови на силата на малиот рог?5. Кому судот ќе му ја додели власта над земјата и кога?