Back to top

Sabbath Bible Lessons

СУШТИНАТА НА ПРОРОШТВАТА

 <<    >> 
20 ЈУНИ 2026 12 ЛЕКЦИЈА
Последниот повик ЗАПОМНЕТЕ ГО СТИХОТ: „А по ова видов како слегува од небото друг ангел кој имаше голема власт: и земјата светна од неговиот болскот“ (Откровение 18:1).
Предлагаме да прочитате:   Големата борба, 603–612. 
„Големото дело на евангелието нема да се заврши со помала манифестација на Божјата сила од онаа што го одбележала неговиот почеток.“ — Големата борба, 611.

1. ВЕЛИКИОТ ВАВИЛОН Нед ела, 14 јуни
а. Опишете ја драматичната сцена кога Јован ја виде црквата позната како великиот Вавилон. Откровение 17:1–6. „Жената (Вавилон) во Откровение 17 глава се прикажува како жена ‘облечена во пурпур и скерлет и накитена со злато, со драгоцени камења и бисери. Во раката своја држеше златна чаша, полна со гнасотија и нечистотија од блудството нејзино. А на челото и беше напишано името: Тајна, великиот Вавилон, мајка на блудниците и на земните гнасотии‘. Пророкот вели: ‘И ја видов жената како се опива со крвта на светиите и со крвта на сведоците Исусови’ (Откровение 17:4-6). Понатаму за Вавилон се кажува дека е ‘голем град кој царува над земните цареви’ (Откровение 17:18). Силата која многу векови деспотски господарела над христијанските владетели бил Рим. Пурпурот и црвеното, златото, скапоцените камења и бисерот, живо го прикажуваат сјајот и царскиот раскош со кој се гордеел Рим. Ниту за една друга власт не може со толкаво право да се каже дека е ‘пијана од крвта на светите’ како за онаа која толку свирепо ги прогонувала Христовите следбеници. Вавилон е виновен и за грев поради незаконски врски со ‘земните цареви’. Со оддалечувањето од Господа и со врската со многубошците, еврејската црква станала блудница; а Рим, кој и самиот на ист начин се расипал, барајќи поддршка од световните власти, добива иста осуда.“ — Големата борба, 382. б. На кој начин оваа сила ќе дојде до својот крај? Откровение 17:15–18.

2. ДРУГ АНГЕЛ Пон еделник, 15 јуни
а. Опишете го доаѓањето на ангелот што се појавува во Откровение 18:1. „Трите ангелски пораки треба да се обединат за нивната тројна светлина да му биде објавена на светот. Во Откровението Јован пишува: ‘Видов друг ангел, како слегува од небото, кој имаше голема власт, и земјата се осветли од неговата слава.’ (Откровение 18:1–5) Ова е последната тројна опомена упатена на светот.“ — The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 7 p. 985.„Црквата е ризница на богатството на Христовата благодат; и преку црквата Божјата љубов конечно ќе им се открие дури и на ‘на началствата и властите небесни’ (Ефесјаните 3:10).“ — Делата на апостолите, 9. б. Што означува славата на ангелот и како е прикажана? Псалм 29:1,2; Јован 17:22,23. „Кога луѓето ќе го запостават изградувањето на својот карактер и украсувањето на душата, кога ќе започнат да ја презираат едноставната побожност, тогаш гордоста и љубовта кон раскошот бараат сјајни храмови, величествени наметки и церемонии. Меѓутоа со сето тоа не се слави Бог. Тој не ја вреднува својата црква според надворешниот сјај, туку по искрената побожност која се одвојува од светот. Тој ја цени според напредувањето на нејзините членови во познавањето на Христа, и нивното духовно искуство.“ — Пророци и цареви, 565,566. в. Како Бог ја опиша својата слава кога Мојсеј побара да ја види? Излез 33:18,19; 34:5–7. „Славата на Божјите особини е изразена во Неговиот карактер. Секоја страница од Светото Писмо сјае со Неговата светлина. Христовата праведност, како чист, сјаен бисер, нема никаков недостиг, ниту дамка. Ниту едно човечко дело не може да го подобри големиот и скапоцен Божји дар. Тој е без мана.“ — Христовите поуки, 115.„Овој карактер беше откриен во Христовиот живот. За со Својот личен пример да го осуди гревот во човечката природа, Тој го зеде врз Себе обличјето на грешното тело. Тој постојано го гледаше Божјиот карактер и постојано го откриваше Неговиот карактер на светот.Христос сака Неговите следбеници во својот живот да го откриваат истиот тој карактер.“ — God’s Amazing Grace, p. 322.

3. ПОРАКА НА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Вто рник, 16 јуни
а. Како ангелот им се обраќа на жителите на Вавилон? Откровение 18:2. „Голема сила и слава му беа дадени на ангелот, и кога се спушташе, земјата беше осветлена со неговата слава. Светлината која што го следеше овој ангел продираше насекаде, и тој викаше со силен глас: ‘Падна, падна великиот Вавилон, и стана ѓаволско живеалиште и засолниште на секаков нечист дух, врталиште на сите нечисти и гадни птици.’ Пораката за падот на Вавилон, како што е дадена од вториот ангел, е повторена, со додадено напоменување за изопачувањето коешто има влезено во црквите од 1844 година.“ — Рани списи, 277. б. Што се променило во Вавилон од времето кога првпат беше објавена пораката на вториот ангел? Откровение 18:3. „Втората ангелска вест од Откровение 14 глава првпат се проповедаше летото во 1844 година и истата се однесуваше особено на црквите во Соединетите Држави каде што опомената за судот најмногу се објавуваше и главно беше отфрлена и каде што опаѓањето на црквата беше најбрзо. Но, веста на вториот ангел не се исполни целосно во 1844 година. Тогаш црквите што се противеа да ја прифатат светлината на адвентната вест доживеаја морален пад, но сепак, тој пад не беше целосен. Бидејќи тие продолжија да ги отфрлаат посебните вистини одредени за тоа време, паѓаа сѐ подлабоко. Сепак, уште не можеше да се каже: ‘Падна големиот Вавилон... зошто сите народи ги напои со жестокото вино на своето блудство’. Вавилон уште не ги опил сите народи. Духот на прилагодување кон светот и на рамнодушност кон вистините кои претставуваат проверка на верноста за нашето време постои и се прошири во протестантските цркви во сите христијански земји; и сите тие цркви се опфатени со свеченото и страшно обвинување на вториот ангел. Но делото на отпадот сѐ уште не го достигнал својот врв.Библијата ни кажува дека пред Господовото доаѓање сатаната ќе дејствува ‘со секаква сила и знаци и лажни чудеса и со секакво неправедно измамување’; и оние што ‘не ја примиле љубовта на вистината та да би се спасиле’, ќе ги прифатат сите измами и ќе ѝ веруваат на лагата (2 Солунјаните 2:9-11). Дури кога ќе настапи ваква состојба и кога во целото христијанство ќе се постигне обединување на црквата со светот, тогаш падот на Вавилон ќе биде целосен. Промената ќе настанува постепено, а пророштвото од Откровение 14:8 целосно ќе се исполни во иднина.“ — Големата борба, 389,390.

4. ПОСЛЕДНИОТ ПОВИК Сре да, 17 јуни
а. Кој итен повик тогаш ќе го слушаат оние што сè уште се во Вавилон? Откровение 18:4. „Откровение 18 глава укажува на времето кога црквата, затоа што ќе ја отфрли тројната опомена од Откровение 14:6-12, во целост ќе ја достигне состојбата што ја изнел вториот ангел, а Божјиот народ, кој сè уште е во Вавилон, ќе биде повикан да излезе од своите цркви. Ова е последна вест што ќе му биде објавена на светот и таа ќе ја изврши својата задача. Кога оние ‘кои не поверуваа во вистината, а ја засакаа неправдата’ (2 Солунјаните 2:12), ќе бидат предадени на силата на измамата да ѝ веруваат на лагата, тогаш светлината на вистината ќе ги осветли оние чиишто срца се подготвени да ја примат, и сите Божји деца што се наоѓаат во Вавилон ќе го прифатат повикот: ‘Излезете од неа, народе Мој!’ (Откровение 18:4).“ — Големата борба, 390. б. Кои се поединците наречени „луѓе Мои“, на кои им е упатен повикот да го напуштат Вавилон? Јован 10:16. „И покрај духовната темнина и отстапувањето од Бога во црквите што го сочинуваат Вавилон, мнозинството вистински Христови следбеници сè уште се наоѓаат во тие верски заедници. Меѓу нив има многу такви кои никогаш не слушнале за посебните вистини за нашето време. Мнозина се незадоволни со својата сегашна состојба и копнеат за појасна светлина. Тие напразно го бараат Христовиот лик во црквите во кои се наоѓаат. Бидејќи овие верски заедници сѐ повеќе се оддалечуваат од вистината и се соединуваат со светот, разликата меѓу овие две групи ќе станува сѐ поочигледна, и најпосле ќе дојде до нивно одделување. Ќе дојде време кога оние што го љубат Бога повеќе од сѐ не ќе можат и понатаму да останат поврзани со оние кои се ‘повеќе сластољубиви отколку богољубиви, на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле’ (2 Тимотеј 3:4,5).“ — Големата борба, 390. в. Зошто повикот да се излезе од Вавилон е толку итен? Откровение 18:5–8. „Светлина која што беше излеана врз оние што чекаа, се пробиваше насекаде и оние во црквите кои имаа каква и да е светлина, кои што не ги слушнаа и ги отфрлија трите пораки, го послушаа повикот и ги напуштија паднатите цркви.“ — Рани списи, 278.

5. СПРЕМНИ ДА ГО УПАТИМЕ ПОВИКОТ Чет врток, 18 јуни
а. Опишете ја важноста на јасна и недвосмислена порака на предупредување. Исаија 58:1; 1 Коринтјаните 14:7,8. „Осумнаесеттото поглавје од Откровението ја открива важноста вистината да се објавува без задршка, туку со смелост и сила… Имало премногу околишување во објавувањето на пораката на третиот ангел.“ — Evangelism, p. 230.„Божјата намера беше стражарите да станат и со здружени гласови да испратат јасна и одлучна порака, давајќи ѝ на трубата јасен звук, за сите луѓе да можат подготвено да ги заземат своите места и да се фатат за должноста, исполнувајќи ја својата улога во ова возвишено дело. Тогаш силната, јасна светлина на оној друг ангел што слегува од небото со голема власт ќе ја осветли целата земја со својата слава. Со години заостануваме; а оние што стоеја во заслепеност и го попречуваа напредокот на самата пораката што Бог сакаше да тргне од состанокот во Минеаполис како запалена светилка, треба да ги понижат своите срца пред Бога и да увидат и разберат како делото било попречено поради заслепеноста на умот и закоравеноста на срцето.“ — The Ellen G. White 1888 Materials, p. 1070. б. Кој сериозен Исусов повик секој од нас може лично да го прифати? Јован 12:35,36. „Друг ангел го соединува својот глас со третиот ангел, и земјата се осветлува од неговата слава. Светлината станува сé посилна и ги осветлува сите народи на земјата. Таа треба да оди напред како светлина што гори. Ќе биде придружена со голема сила, сè додека нејзините златни зраци не паднат врз секој јазик, секој народ и секое племе по целата земја. Дозволете да ве прашам: што правите за да се подготвите за ова дело? Дали градите за вечноста? Мора да запомните дека овој ангел ги претставува луѓето што ја носат оваа порака на светот. Дали сте меѓу тие луѓе?“ — The Review and Herald, August 18, 1885.

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА Пет ок, 19 јуни
1. Објасни како Рим одговара на описот на Вавилон, мајката на блудниците. 2. Што е вистинската Божја слава што ќе ја открие другиот ангел? 3. Зошто пораката на вториот ангел мора да се повтори? 4. Каде денес се наоѓаат мнозинството вистински следбеници на Исус? 5. Како можам денес позитивно да влијаам наместо да му пречам на Божјото дело?
 <<    >>