Back to top

Sabbath Bible Lessons

СУШТИНАТА НА ПРОРОШТВАТА

 <<    >> 
САБОТА, 2 МАЈ 2026 5 ЛЕКЦИЈА
Сменувањето на царствата ЗАПОМНЕТЕ ГО СТИХОТ: „А и видението за вечерта и утрината за кое ти се рече ќе се исполни, но ти сокри го тоа видение зашто се однесува на далечни времиња“ (Даниел 8:26)
Предлагаме да прочитате:   Големата борба, 423–432. 
„Секое имало време на свое искушување и ниедно не издржало; на секое му потемнела славата и секое ја изгубило својата сила.“ — Пророци и цареви, 535.

1. ОВЕНОТ СТАНУВА ГОЛЕМ Нед ела, 26 април
а. Што видел Даниел пред крајот на вавилонската надмоќ? Даниел 8:1, 2. б. Опишете го однесувањето на првиот ѕвер што се појави и стана голем. Даниел 8:3, 4. в. Како ангелот ја објасни појавата на овенот што го виде Даниел? Даниел 8:19, 20. „Пророкот во видение го виде Бога како ги соборува најмоќните владетели од престолот и на нивно место доведува други. Тука Тој се открива како Владетел на вселената, чие вечно и непропадливо царство е на прагот да завладее со светот; како Старец на престолот, како жив Бог, како Извор на сето знаење и мудрост, како Оној што управува со настаните на сегашноста и ги открива тајните на иднината.“ — The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 4, p. 1166.„Издигањето и пропаста на народот, како што е откриено во книгата на Даниел и Откровението, треба да нѐ поучи колку е ништожна надворешната светска слава. Вавилон, со целата своја сила и слава каква што светот повеќе не видел, со силата и славата кои луѓето на таа доба ги правеле непоминливи и вечни, потполно исчезнале! Поминале како ‘цвет од трева’. (Јаков 1:10). Така пропаднало и Медо-Персиското, Грчкото и Римското царство. А така ќе пропадне и сѐ она што нема свој темел во Бога.“ — Пророци и цареви, 548.

2. КОЗЕЛОТ „МНОГУ ГОЛЕМ“ Пон еделник, 27 април
а. Која нова сила дојде да ја предизвика Медо-Персија? Даниел 8:5, 21. б. Опишете ја освојувачката моќ на царот на ова ново царство. Даниел 8:6, 7. „Секој земски владетел ја примил својата моќ од Небото; и неговиот успех зависи од тоа како се служи со власта која на тој начин му е доверена. На секого му е упатено словото на божествениот Стражар: ‘Иако не Ме познаваш, јас те препашав’ (Исаија 45;5). И за секого, зборовите кои некогаш му биле изговорени на Навуходоносор, се животна поука: ‘Искупи ги своите гревови со праведност и своите беззаконија со милосрдие спрема бедните, за да ти продолжи мирот’ (Даниел 4:27).Да се разбере ова - да се разбере дека ‘праведноста го возвишува народот’, дека ‘престолот се зацврстува со праведност’ и дека ‘со милоста го одржува својот престол’ (Изреки 14:34; 16:12; 20:28); да се препознае примената на овие принципи во покажувањето на Неговата моќ која ‘ги руши и ги поставува царевите’ (Даниел 2:21) - значи да се разбере филозофијата на историјата.Тоа е јасно претставено само во Божјата Реч. Тука е покажано дека силата на народите, како и на поединецот, не е во можностите или во околностите кои, навидум, ги прават непобедливи; таа не е ниту во нивната самофална големина. Таа се мери со верноста со која ја исполнуваат Божјата намера.“ — Воспитување, 174,175. в. Што се случи со Грчкото царство кога стана многу големо на врвот од владеењето на Александар Македонски? Даниел 8:8, 22. „‘Долготрпеливиот,’ вели мудрецот, ‘е подобар од храбриот; и кој владее со себе, подобар е и од освојувач на градови.’ Човек или жена што го зачувуваат душевниот мир кога се искушувани да ѝ попуштат на страста стојат повисоко во Божјите очи и во очите на небесните ангели од најславниот војсководец што некогаш водел војска во битка и победа. Еден прочуен цар рекол на својата смртна постела: ‘Од сите мои освојувања само едно денес ми носи утеха — победата што ја извојував над својот бурен темперамент.’ Александар и Цезар полесно го покорија светот отколку што се покорија себеси. Откако покоруваа народ по народ, паднаа — едниот како жртва на неумереност, а другиот како жртва на безумна амбиција.“ — Child Guidance, pp. 95, 96

3. „НАРАСНА МНОГУ“ Вто рник, 28 април
а. Која нова сила е опишана како го презема поделeното грчко царство? Даниел 8:9,23. б. Опишете ги постапките на Рим – и паганскиот и папскиот – што Даниел ги виде во видението. Даниел 8:10–12, 24. „Папството станало вистински светски тиранин. Кралевите и царевите се поклонувале пред декретите на римскиот папа. Сегашната и вечната судбина на луѓето се чинело како да е во негова власт...Но, ‘пладнето на папството претставувала полноќ за светот’... Со векови Европа не можела да има никаков напредок во науката, уметноста или цивилизацијата. Во христијанството владеела морална и интелектуална парализа.“ — Големата борба, 60.„Како што било проречено од пророштвото, папската власт ја згазила вистината. Божјиот закон бил фрлен во прав, а човечките обичаи и традиции биле воздигани. Црквите кои биле под власта на папството многу бргу биле принудени да ја празнуваат неделата како свет ден. Среде распространетите заблуди и суеверија, многумина, дури и од вистинскиот Божји народ, додека ја празнувале саботата, станале толку збунети што и во недела се воздржувале од работа. Но, ова не ги задоволило папските водачи. Тие барале не само да се празнува неделата, туку и да се осквернува саботата; и оние кои би се осмелиле да ја слават ги обвинувале со најтешки зборови. Божјиот закон можеле да го држат во мир само оние кои побегнале надвор од моќта на Рим.“ — Големата борба, 65. в. И покрај своите лукави методи, како ќе ѝ дојде крајот на оваа сила? Даниел 8:25. „Среде темнината што ја покривала земјата во текот на долгиот период на папската надмоќ, светлината на вистината не можела целосно да изгасне. Во секое време имало Божји сведоци - луѓе што имале вера во Христа како единствен посредник меѓу Бога и човекот, на кои Библијата им била единственото правило во животот и кои ја празнувале вистинската сабота. Колку светот им должи на овие луѓе, идните поколенија никогаш нема да дознаат. Тие биле жигосани како еретици, нивните мотиви лажно толкувани, нивниот карактер лошо прикажуван, а нивните списи забранувани, извртувани или осакатувани. Но сепак, тие стоеле цврсто, и од поколение на поколение ја чувале својата вера во нејзината чистота, како свето наследство за идните генерации.“ — Големата борба, 61.

4. 2300 ДЕНОВИ Сре да, 29 април
а. Кој разговор го слушна Даниел во врска со временскиот период опфатен со настаните од видението, и што требаше да се случи на крајот од тој период? Даниел 8:13, 14. б. Кој антитипски (реален) настан беше навестен со чистењето на светилиштето, како што беше прикажано во церемонијалниот закон и претскажано во видението на Даниел? 3. Мојсиева 23:27-32; 16:33, 34. „Во обредната служба, што била претслика на Христовата жртва и на Неговата свештеничка служба, чистењето на Светилиштето била последната служба што ја вршел првосвештеникот според годишниот ред на својата служба. Тоа било завршно дело на помирување - одземање и отстранување на гревот од Израел, и тоа било симбол на завршниот чин во службата на нашиот Првосвештеник на небото, отстранување или бришење на гревовите на Неговиот народ што се забележани во небесните книги.“ — Големата борба, 352.„Како што во старо време гревовите на народот со вера биле пренесувани прво врз жртвата за грев, а потоа со нејзината крв, симболички, во земното Светилиште; така и во новиот завет гревовите на оние што се каат, со вера се пренесени врз Христа и со Него, всушност, во небесното Светилиште. И како што во земното Светилиште е извршено отстранување на гревовите што го сквернавеле него; сега на ист начин мора да биде извршено и вистинско чистење на небесното Светилиште, да се отстранат или да се избришат гревовите што се запишани таму. Но, пред да може да се изврши тоа, мора да се испитаат книгите за да се утврди кој стекнал право со покајание и со вера во Христа да се користи со благодатта на Неговото помирување. Затоа чистењето на Светилиштето содржи извесно дело на истражување, дело на истражниот суд. Ова дело мора да биде извршено пред Христос да дојде да го избави Својот народ зашто, кога Тој ќе дојде, со Себе ја носи и Својата награда ‘за да му даде на секого според делата негови’ (Откровение 22:12).“ — Големата борба, 421,422. в. Што рече ангелот во врска со пророштвото за 2300 дена? Даниел 8:26 (спореди со стих 14).

5. ВИДЕНИЕТО ДЕЛИМНО РАЗБРАНО Чет врток, 30 април
а. Со која задача беше испратен ангелот Гаврил кај Даниел? Даниел 8:15-18. „Оваа божествена порака ангелот Гаврил, му ја пренел на пророкот Даниел, ангел, кој според рангот доаѓа веднаш по Божјиот Син. Тоа бил Гаврил, ‘Неговиот ангел’ што Христос го пратил да му ја открие иднината на саканиот Јован, покажувајќи му ги настаните од иднината, и преку кого е изречен благослов на оние што читаат и што ги слушаат зборовите на пророштвото и кои држат сѐ што е запишано во нив. (Откровение 1:3).“ — Копнежот на вековите, 234. б. И покрај тоа беше дадено темелно објаснување за многу други детали, каква беше реакцијата на Даниел откако го чу пророштвото за 2300-те денови? Даниел 8:27. „Благодарение на второто видение била фрлена нова светлина за идните настани, и пред крајот на тоа видение Даниел слушнал ‘како еден светец зборува, а друг светец го праша оној што зборуваше: До кога ќе трае овој привид?’ (Даниел 8:13). Одговорот го збунил: ‘Уште две илјади и тристотини вечери и утра; тогаш Светилиштето ќе биде очистено’. (Стих 14). Тој срдечно барал смисла на видението. Не можел да ја разбере врската помеѓу седумдесет годишното ропство, проречено преку Еремија, и две илјади и три стотини години кои, како што рекол во видението небесниот посетител, треба да поминат пред да се исчисти Божјата светиња. Ангелот Гаврил му дал само површно толкување. Меѓутоа, кога пророкот ги слушнал зборовите дека ‘видението... е за многу години’, тој се онесвестил. За тоа доживување е запишано: ‘Јас Даниел занемев и боледував некое време; потоа станав и ги вршев вообичаените царски работи; и се чудев на видението, и не го разбирав’ (Стихови 26,27).“ — Пророци и цареви, 554.

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА Пет ок, 1 мај
1. Кои мотиви премногу често ги водат освојувањата на земните сили? 2. Кој неисправен карактерен недостаток доведе до кршење на знаменитиот рог на козелот? 3. Во која смисла паганската и папската фаза на Рим наликувале една на друга? 4. Што требаше да се случи на крајот од 2300-те денови? 5. Кој дел од видението сé уште беше тајна за Даниел кога се онесвести?
 <<    >>