Back to top

Sabbath Bible Lessons

Евангелие според Јован (ПРВ ДЕЛ)

 <<    >> 

Предговор

Оваа година во четири квартали ќе го проучуваме Евангелието според Јован. Од скромност, авторот на четвртото евангелие не се идентификува себеси, ниту зборува за себе како еден од двајцата ученици кои први тргнале по Исус (Јован 1:37). Наместо тоа, тој користи изрази како „друг ученик“, „оној ученик“, „ученикот... кого го љубеше“, „оној кого Исус го сакаше“ и „ученикот кој сведочи за овие настани“ (Јован 18:15; 19:26; 21:20,23,24). Фактот дека другите истакнати ученици се спомнуваат по име, додека името на Јован е изоставено, се чини дека укажува дека тој мора да бил автор на ова евангелие.

Според Духот на пророштвото, авторот на четвртото евангелие бил Јован, „оној кого Исус го сакаше“. Тој беше еден од тројцата ученици кои беа сведоци на Христовата слава на гората на преображението и Неговата агонија во градината непосредно пред Неговото апсење. Неговиот живот е извонреден пример кој покажува како Божјата сила може целосно да го преобрази „синот на громот“ во човек со нежна природа и длабок духовен увид.

„Јован му бил предан на Христа како лозовата прачка што се обвива околу цврстиот потпирач. Тој заради својот Учител бестрашно се изложувал на опасности во текот на неговото сослушување и судење и меѓу последните бил крај неговиот крст; а при веста дека Христос воскреснал, тој толку брзал кон гробот, што во својата ревност го престигнал дури и нестрпливиот Петар.

Сигурната љубов и несебичната преданост, кои дошле до израз во животот и карактерот на Јована, содржат непроценливи поуки за христијанската црква. Јован по природа ја немал таа милност и благост на карактерот што се откривале во неговиот подоцнежен живот. Пред тоа тој имал сериозни карактерни недостатоци. Бил не само горделив, самоуверен и славољубив, туку и нагол и ги паметел навредите. Тој и брат му биле наречени „синови на громот”. Омилениот ученик бил намрштен, одмаздлив и со критички дух. Меѓутоа, под сето тоа божествениот Учител видел огнено, искрено срце кое знае да сака. Христос го укорувал неговото самољубие, ги разочарал неговите амбиции и неговата вера ја ставал на сериозна проверка; но му го открил она за што копнеела неговата душа - убавината на светоста, моќта на љубовта која преобразува“ – Делата на апостолите, 539.

Сите познавачи на историјата велат дека Евангелието според Јован било напишано во Ефес околу 90. година од нашата ера или порано. Ученикот бил ставен во котел со врело масло, но на чудесен начин ја избегнал смртта, а потоа бил протеран на островот Патмос (Откровение 1:9). Таму го напишал Откровението. Доаѓањето на престол на Нерва (96. година од нашата ера) му овозможило да се врати во Ефес, каде што се претпоставува дека живеел до својата смрт за време на владеењето на Трајан (98–117. година од нашата ера).

Нека Христовиот Дух го води нашето проучување во овој квартал и нека ги допре нашите срца како одговор на Неговата љубов!

Оддел на Генералната Конференција за Саботна школа

 <<    >>