Back to top

Sabbath Bible Lessons

Евангелие според Јован (ПРВ ДЕЛ)

 <<    >> 
8 ЛЕКЦИЈА САБОТА, 22. ФЕВРУАРИ 2025

Исус и жената Самарјанка

Запомнете го стихот: „А кој пие од водата, што ќе му ја дадам Јас, нема никогаш да ожедни; таа во него ќе стане извор на вода што ќе тече во живот вечен“ (Јован 4:14).

„Оној што бара да ја згасне својата жед на изворите на овој свет, ќе пие и пак ќе биде жеден. Луѓето насекаде се незадоволни. Тие копнеат по нешто што ќе ја задоволи потребата на душата. Само Еден може да ја задоволи таа потреба. Потребата на светот ’Копнежот на сите народи’ е Христос“. – Копнежот на вековите, 187.

Предлагаме да прочитате:   4 Сведоштво, 384–387. 

Нед , 16. фев

1. ИСУС ВО СИХАР

а. На своето патување во Галилеја, каде застанале Исус и Неговите ученици? Јован 4:6.

„Додека седел покрај изворот, Исус чувствувал исцрпеност од глад и жед. Патувањето од рано наутро било долго, а сега печело пладневното сонце. Жедта уште повеќе се зголемила со помислата на студена, свежа вода, која му била толку близу, а Сепак недостапна, бидејќи немал ни јаже, ни сад, а бунарот бил длабок. Тој ја делел човечката судбина и затоа чекал некој да дојде да нацрпи вода“. – Копнежот на вековите, 183.

б. Кој дошол до кладенецот и каква услуга побарал Исус од неа — и што треба да научиме од ова? Јован 4:7.

„Постоечката омраза помеѓу Евреите и Самарјаните ја спречило Самарјанката да му понуди љубезност на Христа. Сепак Спасителот се трудел да најде клуч за нејзиното срце и со такт, кој бил плод на божествената љубов барал, а не понудил услуга. Понудената услуга можела да биде одбиена, но довербата буди доверба. Царот на вселената и пристапил на таа отфрлена душа и од неа побарал услуга. Оној, Кој го создал океанот, Кој владее со најдлабоките водени површини, Кој ги создал изворите и реките на Земјата, се одморал од заморот на Јакововиот извор и зависел од добрината на една туѓинка да ја изгасне Неговата жед“. – Копнежот на вековите, 184.


Пон , 17. фев

2. РАЗЛИЧНИ ВИДОВИ ВОДА

а. Како Исус го привлекол вниманието на жената кон дарот на спасението? Јован 4:10.

„Водата за која зборуваше Исус е откровение на Неговата милост во Неговото слово. Неговиот Дух, Неговото учење тоа е изворот што ја гаси жедта на секоја душа. Секој друг извор на кој би се обратиле ќе се покаже како недоволен. Но, зборот на вистината е како свеж поток, како водите од Либан што секогаш ја гасат жедта. Во Христос е полнотата на радоста што нема крај“. – Testimonies to Ministers, p. 390.

б. Каква била реакцијата на жената на Христовата понуда? Јован 4:11,12.

„Разбирањето на жената не успеало да го долови значењето на Христовите зборови; таа претпоставувала дека Тој зборува за кладенецот што се наоѓал пред нив“. – The Spirit of Proph¬ecy, vol. 2, pp. 140, 141.

в. Како Исус направил разлика помеѓу еден вид вода и друг — и како оваа порака треба да нѐ благослови и нас? Јован 4:13,14; Откровение 22:17.

„Треба да негуваме љубов и благодарност, да гледаме на Исус и да се преобразиме во Неговиот лик. Ова ќе резултира со поголема самодоверба, надеж, трпение и храброст. Само на тој начин ќе можеме да пиеме од водата на животот за која Христос ѝ рекол на Самарјанката. Тој рече: ‘Кога би го знаела дарот Божји и Кој е Овој што ти вели: Дај Ми да пијам - ти самата би побарала од Него и Тој би ти дал жива вода... Кој пие од водата, што ќе му ја дадам Јас, нема никогаш да ожедни; таа во него ќе стане извор на вода што ќе тече во живот вечен.’ Оваа вода го претставува Христовиот живот и секоја душа мора да ја има кога ќе влезе во жив однос со Бога. Тогаш добрината, кротоста, благодарноста и довербата ќе станат трајни принципи во животот. Пред живата вера, стравот и неверувањето ќе бидат отфрлени. Карактерот на Оној кој прв нè возљуби ќе стане предмет на наше длабоко размислување“. – Testimonies to Ministers, p. 226.


Вто , 18. фев

3. ЖИВА ВОДА

а. Како жената Самарјанка покажала дека сè уште не ги разбира Христовите зборови? Јован 4:15.

„Божествената благодат која само Тој може да ја даде тоа е живата вода што чисти, освежува и ја закрепнува душата.

Исус со ништо не навестил дека на оној, кој е жеден за водата на животот ќе му биде доволно само еднаш да се напие. Оној што еднаш ќе ја вкуси Христовата љубов, тој постојано копнее да добие повеќе, но и не бара ништо друго. Него не го привлекуваат богатствата, почестите и задоволствата на овој свет. Постојаниот повик на Неговото срце е: ’Повеќе од Тебе’. А Оној, кој и ги открива на душата нејзините потреби, чека да ја задоволи нејзината глад и жед. Секој човечки извор и секое надевање во човекот се чини недоволно. Сите резервоари можат да се исцрпат, бунарите да се испразнат, но нашиот Спасител е непресушен извор од Кој можеме да се напиеме и од Кој секогаш ќе наоѓаме свежа вода. Оној во кого живее Христос, тој има во себе извор на благослови „извор на вода што тече во живот вечен”. Од овој извор тој може да црпи сила и благодат доволни за сите негови потреби“. – Копнежот на вековите, 187.

б. Слично на Самарјанката и патниците низ пустината по излезот од Египет, како и ние често не успеваме да ја препознаеме прекрасната благодат што тече од Христос? Псалм 78:15,16,19,20 (прв дел); 114:7,8.

„Мојсеј удрил во карпата, но Божјиот Син бил Тој кој, обвиен со облак, стоел крај него и Тој ја извел животворната вода од каменот. Славата Господова ја виделе не само Мојсеј и Израелските старешини, туку и сиот народ што стоел на извесна оддалеченост. Да не бил облакот, тие сите би загинале од страшниот сјај на Оној кој бил во облакот“. – Патријарси и пророци, 298.

„Христовото благодатно присуство во Неговото слово постојано ѝ зборува на душата, претставувајќи Го како извор на жива вода која ја освежува жедната душа. Наша привилегија е да имаме жив и постојан Спасител. Тој е изворот на духовна моќ што е всадена во нас, која преку нашите зборови и дела ќе тече и ќе ги освежува сите што доаѓаат во нашата сфера на влијание, создавајќи во нив желби и стремеж за сила и чистота, за светост и мир, и за радоста што не носи тага. Ова е резултат на секогаш присутниот Спасител“. – Testimonies to Ministers, p. 390.


Сре , 19. фев

4. ИСУС ГО ОТКРИВА СВОЈОТ ИДЕНТИТЕТ

а. Која нова тема ја вовел Исус во разговорот со жената Самарјанка — и како реагирала таа? Јован 4:16,17 (прв дел).

„Тогаш Исус брзо го променил предметот на разговор. Пред оваа душа да може да го прими дарот што Тој копнеел да и го подари, таа морала да ги увиди своите гревови и да го познае својот Спасител. Тој и рекол: ’Оди повикај го својот сопруг и врати се ваму’. Таа одговорила: ’Немам сопруг’. Се надевала дека на тој начин ќе ги избегне сите прашања во тој поглед“. – Копнежот на вековите, 187.

б. Како Исус го надополнил нејзиниот одговор — и како ова нè потсетува на тоа дека Тој знае сè за секого од нас? Јован 4:17 (последен дел), 18; Псалм 139:7,8,11,12.

„Божјата големина е несфатлива за нас. ’Господовиот престол е на небесата’ (Псалм 11:4); сепак, Тој е секаде присутен со Духот. Тој длабоко го познава секое дело на Своите раце и лично се интересира за секое од нив“. – Воспитување, 132.

„Небесните ангели го испитуваат делото што ни е ставена во раце; и таму каде што има отстапување од начелата на вистината, во записите е запишано ’лесен’“. – Совети за детето, 155.

„Божјиот закон далекусежно ги опфаќа не само видливите постапки, туку и чувствата и побудите. Тој ги открива тајните на срцето, осветлувајќи ги работите што претходно биле закопани во темнина. Бог ја знае секоја мисла, секоја намера, секој план и секоја побуда на срцето. Во небесните книги се запишани дури и тие гревови што поединците би ги направиле доколку имале можност. Бог ќе го донесе секое дело на суд, со секоја тајна. Со помош на својот закон Тој го мери карактерот на секој човек. Како што уметникот ги пренесува цртите на лицето на платното, така и карактерните црти на секој поединец верно се пренесуваат во небесните книги. Бог има совршена фотографија од карактерот на секој човек, и оваа фотографија Тој ја споредува со Неговиот закон. Тој му ги открива на човекот недостатоците во неговиот карактер што го валкаат неговиот живот и го повикува да се покае и да се одврати од гревот“. – The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 5, p. 1085.


Чет , 20. фев

5. ИСУС СЕ ОТКРИВА КАКО СПАСИТЕЛ

а. Што конечно сфатила жената кај кладенецот за Исус? Јован 4:19. Дали ова признание беше доволно?

„Самарјанката затреперила. Некоја таинствена рака ги вртела страниците на историјата на нејзиниот живот, откривајќи го она што се надевала дека засекогаш ќе остане скриено. Кој е Овој што можел да ги чита тајните на нејзиниот живот? Нејзе и дошле мисли за вечноста, за идниот суд, кога сето она што е сега скриено ќе биде откриено. Во оваа светлина се разбудила нејзината совест.

Не можела ништо да негира, но се трудела да го избегне споменувањето на нешто што и е толку непријатно. Со длабока почит таа рекла: ’Господине, гледам дека Ти си пророк’. Потоа, надевајќи се дека ќе ја замолчи совеста, почнала да зборува за некои спорни верски точки. Ако Тој е пророк, сигурно може да и даде упатства за тие прашања, кои толку долго биле спорни“. – Копнежот на вековите, 187,188.

б. Кога жената покажала надеж во доаѓањето на Месијата, што ѝ рекол Исус? Јован 4:25,26.

„Повикот на евангелие не смее да се ограничи и не смее да се упати само на неколку избрани, кои, како што си претпоставуваме, ќе ни направат чест ако го прифатат. Веста мора да им се даде на сите. Секаде каде што срцата се отворени да ја прифатат вистината, Христос е подготвен да ги поучи. Тој им го открива Таткото и богослужението што е прифатливо за Оној, Кој го чита срцето. За таквите Тој не користи параболи. Ним, како и на жената на изворот, Тој им вели: ’Јас сум, Кој зборувам со тебе’“. – Копнежот на вековите, 194.


Пет , 21. фев

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто Исус никогаш не направил чудо во своја корист?

2. Каков извор користел Исус за да ѝ го приближи евангелието на Самарјанката?

3. Што рекол Учителот за водата на животот?

4. Зошто Христос го спомнал личниот живот на Самарјанката?

5. Наведи ветување поврзано со доаѓањето на Месијата.

 <<    >>