Back to top

Sabbath Bible Lessons

Евангелие според Јован (ПРВ ДЕЛ)

 <<    >> 
10 ЛЕКЦИЈА САБОТА, 8. МАРТ 2025

Исус и синот на царскиот човек

Запомнете го стихот: „А на Оној Кој, според силата што во нас дејствува, може да изврши изобилно сè што ќе побараме или помислиме, Нему нека е слава во Црквата преку Исус Христос во сите родови и за сите векови. Амин“ (Ефесјаните 3:20,21).

„Не треба да веруваме затоа што гледаме или чувствуваме дека Бог нѐ слуша. Мораме да веруваме во Неговите ветувања. Кога ќе му пријдеме со вера, секоја молитва допира до Божјото срце. Кога го бараме Неговиот благослов, треба да веруваме дека го примаме и да му заблагодариме на Бога што сме го примиле. Потоа треба да ги вршиме своите должности уверени дека благословот ќе дојде кога ни е најмногу потребен“. – Копнежот на вековите, 200.

Предлагаме да прочитате:   9 Сведоштво, 107,108, 164-166. 

Нед , 2. мар

1. ПРИВЛЕКУВАЊЕ ВНИМАНИЕ

а. Откако поминал два дена со Самарјаните, каде отишол Исус и кој беше привлечен од оваа вест? Јован 4:43-46.

„Веста за Христовото враќање во Кана набргу се раширила низ цела Галилеја, донесувајќи со себе надеж на оние што страдале и кои биле во неволја. Во Капернаум вестите го привлекле вниманието на еден еврејски благородник, кој бил во царска служба“. – Копнежот на вековите, 196.

б. Зошто царскиот човек отишол да го види Исуса? Јован 4:47.

„Неговиот син боледувал од некоја навидум неизлечива болест. Лекарите го оставиле да умре, но кога таткото слушнал за Исуса, тој одлучил да му се обрати за помош“. – Копнежот на вековите, 196.


Пон , 3. мар

2. НАГОВЕСТУВАЊЕ НА СОМНЕЖ

а. Опишете како Христос ја открил внатрешната болка на царскиот човек кој го барал да го излечи неговиот син во Капернаум. Јован 4:48.

„Детето се наоѓало во многу тешка состојба и се стравувало дека нема да живее до Неговото враќање. Сепак благородникот сметал дека лично мора да му го изнесе случајот. Се надевал дека молбите на еден татко ќе разбудат сожалување кај Големиот Лекар.

Кога стигнал во Кана, го нашол Исуса опкружен со големо мноштво луѓе. Со вознемирено срце, тој се протуркал до Спасителот. Неговата вера се поколебала, кога пред себе видел еден едноставно облечен човек, правлив и изморен од патот. Се посомневал во тоа дека таа Личност може да го направи она за што дошол да го моли. Сепак, му се обратил на Исуса, му кажал зошто дошол и го замолил Спасителот да појде со него до неговиот дом. Меѓутоа, Исус веќе знаел за неговата неволја. Пред благородникот да тргне од својот дом, Спасителот знаел каква неволја го снашла.

Меѓутоа, Исус исто така знаел дека таткото во својот ум поставил услов за својата вера во Него. Ако неговата молба не биде услишена, тој нема да го прими како Месија...

И покрај сите докази за тоа дека Исус навистина е Месија, молителот решил својата вера да ја услови со тоа што ќе му се услиши молбата“. – Копнежот на вековите, 197,198.

б. Кога сме во искушение да бараме знаци, што треба да запомниме? Матеј 12:38,39.

„Христа го болело што Неговиот сопствен народ, на кој му беа предадени Светите пророштва, не го слушал Божјиот глас, Кој им зборувал преку Неговиот Син“. – Копнежот на вековите, 198.

„Народот сака знак, исто како во Христово време. Тогаш Господ им рекол дека нема да им се даде знак. Знакот што треба да биде видлив сега и секогаш е делувањето на Светиот Дух во умот на учителот, за да го направи Словото што е можно повпечатливо. Божјото слово не е безживотна, сува теорија, туку дух и живот. Сатаната не сака ништо повеќе освен да ги одврати умовите од Словото, за да бараат и очекуваат нешто надвор од Словото, нешто што би ги задоволило“. – Selected Messages, bk. 2, p. 95.


Вто , 4. мар

3. СПРОТИВСТАВЕНИ СТАВОВИ

а. Објасни ја разликата помеѓу Евреите и Самарјаните во однос на нивната вера во Исус. Марко 6:2-6; Јован 4:40-42.

„Колку желно се обидувале фарисеите да докажат дека Христос е измамник! Како внимаваа на секој Негов збор и се обидуваа да извртуваат и погрешно да го протолкуваат сето она што Тој го кажува! Гордоста, предрасудите и страста го затворија секој пристап во душата против сведочењето на Божјиот Син. Кога јасно го укорил нивното беззаконие и изјавил дека нивните дела докажуваат дека се деца на сатаната, тие налутено го отфрлиле обвинението, велејќи: ‘Не зборуваме ли право дека си Ти Самарјанин и дека зол дух има во Тебе?’“. – Selected Messages, bk. 1, p. 70.

„Спасителот го споредил ова сомневање со едноставната вера на Самарјаните, кои не барале никакво чудо ниту пак знаци. Неговата Реч, секогаш присутен доказ за Неговото божество, имала убедлива моќ, која ги освојувала нивните срца“. – Копнежот на вековите, 198.

„Иако (Исус) бил Евреин, Тој слободно се мешал со Самарјаните, отфрлајќи ги фарисејските обичаи на Евреите во врска со тој презрен народ. Спиел под нивни покрив, јадел на нивна трпеза и ги поучувал на нивните улици“. – Делата на апостолите, 19.

б. Опишете го искуството на мнозина кои низ вековите им ја проповедале сегашната вистина на оние кои се изјаснувале дека се Божји народ. Еремија 20:8-11.

„Сите аргументи изнесени против Христа беа засновани на лага. Така беше и во случајот со Стефан и Павле. Но, дури и најслабите и најневеродостојните изјави дадени на погрешна страна имаа влијание, бидејќи имаше многу чии срца беа непосветени, кои посакуваа овие изјави да бидат вистинити. Таквите луѓе секогаш се желни да се фатат за некоја наводна грешка или пропуст кај оние кои им ја кажуваат непријатната вистина.

Не треба да нè чуди кога злите претпоставки алчно се прифаќаат како несомнени факти од страна на оние кои имаат желба за лага. Христовите противници постојано беа збунети и замолчени од мудроста на Неговите зборови, но тие со нетрпение ги слушаа сите гласини и наоѓаа некој изговор повторно да му поставуваат контрадикторни прашања“. – Selected Messages, bk. 1, pp. 70, 71.


Сре , 5. мар

4. ПОНИЗНА МОЛБА

а. Кога верата на благородникот се утврдила во Христа, како тој го повторил својот апел? Јован 4:49.

„Како блесок на светлина, зборовите на Спасителот упатени на благородникот го разоткриле неговото срце. Тој видел дека побудите што го навеле да го бара Исуса биле себични. Ја согледал својата колеблива вера во нејзината вистинска светлина. Во длабок очај сфатил дека неговото сомневање би можело да го однесе синот во смрт. Знаел дека се наоѓа во присуство на Оној, Кој може да ги чита мислите на човекот и на Кого сѐ му е можно... Тој со вера цврсто се фатил за Исуса, како што направил Јаков, кога по борбата со ангелот, извикал: ’Нема да те пуштам додека не ме благословиш’ (Создавање 32:26)“. – Копнежот на вековите, 198.

б. Што треба да научиме од она што го направил Исус наместо да оди во домот на благородникот? Јован 4:50.

„Исус сакал да дарува и повеќе од тоа. Сакал не само да го исцели детето, туку и благородникот и неговото семејство да ги направи учесници во благословите на спасението и да запали светлина во Капернаум, кој многу скоро ќе стане поле на Неговата сопствена работа. Меѓутоа, благородникот морал да ја увиди својата потреба пред да ја посака Христовата благодат. Овој човек на висока положба претставувал многумина од својот народ. Тие се интересирале за Исуса од себични побуди. Се надевале дека ќе добијат некоја посебна корист од Неговата моќ и својата вера ја засновале на остварување на тие земни добра. Тие не ја забележувале својата духовна болест и не увидувале дека им е потребна божествена благодат...

Спасителот не може да се оддалечи од душата што цврсто се држи за Него, молејќи за својата голема потреба. Тој му рекол: „Оди, твојот син е жив”. Благородникот заминал од Спасителот исполнет со мир и радост какви што никогаш порано не доживеал. Не само што цврсто верувал дека неговиот син ќе оздрави, туку со силна доверба верувал во Христа како Откупител“. – Копнежот на вековите, 198,199.

„Сите ние имаме желба да добиеме неодложен и директен одговор на упатената молитва и склони сме да се обесхрабриме ако одговорот не дојде веднаш, или пак биде поинаков од очекуваниот. Но Бог е премногу мудар и добар, за секогаш да одговара на нашите молитви во време и на начин што ние го посакуваме. Тој сака да стори за нас нешто далеку повеќе и подобро, отколку да ги исполни сите наши желби... Искуствата што претставуваат проба за нашата вера, се допуштени за наше добро“. – Здравје и среќа, 230,231.


Чет , 6. мар

5. ЛЕК И СПАСЕНИЕ

а. Како Исус го излечил синот на благородникот? Јован 4:51-53. На која реалност нè потсетува ова? Ефесјаните 3:20,21.

„Во истиот час, оние, кои бдееле над детето што умирало во домот во Капернаум, забележале ненадејна и таинствена промена“. – Копнежот на вековите, 199.

„Во истиот час, оние, кои бдееле над детето што умирало во домот во Капернаум, забележале ненадејна и таинствена промена. Сенката на смртта исчезнала од лицето на Болниот. Црвенилото од треска му отстапило место на благото руменило на здравјето што се враќало. Заматените очи блеснале со интелигенција и во слабото, исцрпено тело повторно се вратила сила. На детето не се задржале никакви знаци од неговата болест. Неговото тело кое горело станало нежно и влажно и детето заспало со спокоен сон. Треската го напуштила во најголемата горештина на денот. Семејството било восхитено и настанала голема радост“. – Копнежот на вековите, 199.

б. Како Исус одговара на секој што бара помош? Матеј 11:28-30.

„Спасителот не може да се оддалечи од душата што цврсто се држи за Него, молејќи за својата голема потреба“. – Копнежот на вековите, 198.

„Дали чувствуваш дека заради тоа што си грешник не можеш да се надеваш на Божјите благослови? Запомни дека Христос дошол на овој свет за да ги спаси грешниците. Ние немаме ништо со што би се препорачале кај Бога; причината поради која ние можеме да бараме сега и во кое било време е нашата целосно беспомошна состојба, поради која Неговата откупителна сила станува неопходност. Отфрлувајќи ја сета надеж во себеси, можеме да погледнеме кон крстот на Голгота и да речеме: ’Јас немам што да ти дадам; Едноставно за Твојот крст се држам’“. – Здравје и среќа, 65.


Пет , 7. мар

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто пророците генерално не се добро примени во нивните земји?

2. Кои зборови на благородникот го откриваат неговото неверување?

3. Како реагирал Христос на неверувањето на луѓето?

4. Кој покажал поголема вера во Исус – Евреите или незнабошците?

5. Што им ветува Исус на сите што ќе го прифатат Неговиот повик?

 <<    >>