Back to top

Sabbath Bible Lessons

Евангелие според Јован (ПРВ ДЕЛ)

 <<    >> 
  Сабота, 4. јануари 2025

Дар во првата сабота

Република Парагвај е континентална држава во Јужна Америка која се граничи со Аргентина, Боливија и Бразил. Во Парагвај живеат околу 6,1 милион луѓе, од кои 96,1% го исповедаат христијанството (88,3% католицизам, а 7,8% други христијански религии); 2,6% се нерелигиозни, а останатите припаѓаат на други религии или се неопределени. Државната економија главно се базира на земјоделството – особено на сојата – а во текот на последните педесетина години, Парагвај разви и огромна хидроенергетска индустрија.

Првите членови на РДАСД тука пристигнале од Унгарија во четириесеттите години на дваесеттиот век, а делото понатаму се разви во педесеттите години преку колпортерската работа и подоцна, во седумдесеттите години, преку здравствено-мисионски напори. Денес имаме прекрасна група верни членови во најважните градови.

Долги години во главниот град, Асунсион, имавме центар за природна медицина, кој ни овозможи да им ја носиме евангелската порака на многу души и да ги подучуваме за животниот стил на Божјиот народ на остатокот. Со Божја помош и со нашиот интердисциплинарен тим професионалци, се надеваме дека ќе ја оживееме нашата клиника – но сега би сакале таа да функционира како теренски центар во градот, кој би се проширил и на руралните подрачја, за да го исполниме божествениот налог: „Напуштете ги градовите. Основајте санаториуми, училишта и канцеларии подалеку од населените центри.“ – Selected Messages 2, 357.

Со таа цел на ум, купивме парче земја во убава рурална област во департманот Парагвари, околу 66 километри оддалечен од главниот град. На имотот веќе изградивме молитвен дом и сместувачки објекти за работниците во делото, но тоа е само почеток. Наша цел е да изградиме мултифункционален објект со основен здравствен центар, училиште, црква и институција за развој на независни производители на здрава храна.

Апелираме на великодушноста на нашите браќа ширум светот и на помош во остварувањето на оваа цел. Вашата соработка ќе внесе нов поттик во завршната фаза која е неопходна за реализација на овој проект. Ние се потпираме на силата и прекрасната Божја милост и сигурни сме дека Господ ќе ги благослови напорите на нашите членови ширум светот за да го зајакнат и прошират евангелското дело во овој дел од Неговото лозје.

Вашите браќа и сестри од Парагвајското поле

 <<    >>