Back to top

Sabbath Bible Lessons

Евангелие според Јован (ПРВ ДЕЛ)

 <<    >> 
  Сабота, 1. февруари, 2025

Дар во првата сабота

Нема сомнеж дека војните, гласовите за војни, ужасните несреќи, сушите, поплавите, ураганите, земјотресите и пожарите се зголемуваат и се шират низ светот со неверојатна брзина – и сето тоа е исполнување на пророштвата што ги проучуваме. Секако, во сите тие трагедии можеме да ги препознаеме стапките на нашиот Бог, чиешто доаѓање е сѐ поблиску. Илјадници луѓе страдаат во овие екстремни непогоди и упатуваат повик за помош до Христовите амбасадори, за да им го дадат балсамот од Галад.

Во оваа ситуација, Одделот за добротворство на Генералната конференција од својот фонд распредели средства кои вие ни ги испративте, браќа ширум светот. Тие средства беа испратени преку поединци, со посебна цел да се задоволат потребите на настраданите, како и преку даровите од првата сабота. Драги браќа, вашите дарови послужија како прибежиште за оние кои останаа без домови поради природните катастрофи. Исто така, овие средства обезбедија храна за стотици семејства, беа искористени за грижа на сираци и вдовици, давајќи им дополнителна поддршка и помош. Со помош на тие средства, родителите набавија семиња кои ќе ги засадат и од жетвата ќе ги нахранат своите семејства; некои од тие средства беа искористени за започнување на мали бизниси. На тој начин, многу од нашите верници успеаја да заработуваат и да создадат извори на приходи што инаку не би можеле да ги обезбедат.

Фала му на Бога што во овие тешки времиња многумина беа поттикнати своите дарови да ги положат на олтарот Господов. Во името на оние на кои овие дарови им послужија, примете ја нашата длабока благодарност!

Сепак, не се задоволени сите потреби – напротив, тие секој ден стануваат сè поголеми, а вашата великодушност е тоа што ќе помогне во голема мера да се решат тие проблеми.

„Христовиот крст го повикува секој Негов следбеник да прави добри дела. Принципот откриен на крстот гласи: Давајте, давајте. А да се оствари овој принцип преку вистинско добротворство и добри дела значи да се донесат вистинските плодови на христијанскиот живот.“ – Counsels on Stewardship, 14.

Денес, додека го принесувате вашиот дар за првата сабота, дајте го најдоброто на Бога. Не грижете се дали тоа е премалку или премногу. Тоа не е важно. Важно е да го дадете најдоброто од себе. Ние, од средствата обезбедени преку ова заедништво и љубов, ќе продолжиме да ги делиме благословите на нашите браќа низ целиот свет. „Оној кој дава на оние во потреба, им служи на благослов, но и самиот прима благослови во уште поголема мера.“ – Counsels on Stewardship, 13. Нека Бог обилно ве благослови!

Одборот за добротворство на Генералната конференција

 <<    >>