ДАР ВО ПРВАТА САБОТА
Образовен центар во Романија „Деца со карактер“
„Воспитувањето примено во најраното детство главно го обликува карактерот на младите за цел живот“. – 3 Сведоштво, 135.
Вдахновението кажува за охрабрувачко искуство, кога „детските состаноци или библиско училиште, донеле корисни резултати. Дома децата ги повторуваат поуките кои ги слушале, а мајките, од своја страна, покажуваат интерес, уредно облекувајќи ги своите деца за училиште. Родителите на повеќето деца не се наши верници“. – Evangelism, p. 583.
Образовниот центар „Деца со карактер“ е основан во 2019. година во Фагараш, планински град во Романија. Тука, децата на возраст од две до пет години убаво се развиваат. Покрај одредени активности кои се соодветни за нивната возраст, тие учат библиски приказни, учат како да се молат, да пеат и да го направат Бога свој пријател. Колку и да се мали, тие разбираат дека Бог се грижи за нив и учат како да побараат помош од Него во нивните проблеми. Нивниот карактер се гради ден по ден. Со Божја милост можеме да сведочиме за неверојатната трансформација во животот на овие малечки деца. Во иднина сакаме да ги едуцираме и оние чија финансиска состојба не го дозволува тоа.
Во првата година започнавме 12 деца; во четвртата година веќе имавме 32 деца, 31 од нив надвор од црквата. Во моментов, активностите се одвиваат во четири простории во седиштето на Романската унија, но тој простор станува премал, бидејќи пријавите за прием ги надминуваат местата што можеме да ги обезбедиме. Ова ни говори дека Бог сака да продолжиме и да ги развиваме овие прекрасни активности и на тој начин да оствариме контакт со што е можно повеќе деца како и со нивните семејства. Затоа, во 2021. година купивме парче земја надвор од градот и ги добивме потребните дозволи за започнување на изградбата. Сега темелот веќе е поставен. Многу сме благодарни на Бога што ги допре вашите срца – на оние од вас што го финансираа проектот до овој стадиум и на оние од вас кои сега великодушно ќе го сторат тоа. Со вашите дарови ќе им дадете шанса на децата кои не го познаваат Бога да се доближат до Него и да добијат христијанско образование. Апелираме на вашата добра волја и сигурни сме дека нема да останете рамнодушни, туку ќе нѐ поддржите да го доведеме овој проект до успешен завршеток и ќе нѐ спомнувате во вашите молитви.
Вашите браќа и сестри од Романската унија