Back to top

Sabbath Bible Lessons

Евангелие според Јован (ПРВ ДЕЛ)

 <<    >> 
6 ЛЕКЦИЈА САБОТА, 6. ФЕВРУАРИ 2025

Делувањето на Светиот Дух

Запомнете го стихот: „И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустината, така треба да се издигне и Синот Човечки, та секој што верува во Него да не загине, но да има живот вечен“ (Јован 3:14,15).

„Гледај, о гледај во Исус и живеј!“ – Christian Education, p. 76.

Предлагаме да прочитате:   Христовите поуки, 95-102. 

Нед , 2. фев

1. ПОВИК ЗА ПРЕИСПИТУВАЊЕ

а. Кое прашање од Никодим покажува дека неговото срце омекнува? Јован 3:9.

„Исус практично му рекол на Никодим: Не е полемиката таа што ќе ти помогне, не се аргументите тие што ќе ти ја просветлат душата. Ти треба да имаш ново срце, инаку не можеш да го разбереш Божјото царство. Никакви поголеми докази нема да те натераат да заземеш правилна позиција, туку нови цели, нови мотиви на делување. Мораш да се родиш повторно. Сѐ додека не се случи оваа промена, правејќи ги сите нешта нови, дури и најсилните докази што би можеле да ти се изнесат би биле бескорисни. Проблемот е во твоето срце; сè мора да се промени, инаку не можеш да го видиш Божјото царство.

Тоа беше многу понижувачка за Никодим... Тој не бил доволно духовен за да го разбере значењето на Христовите зборови. Но, Спасителот не одговараше на аргумент со аргумент...

Некои зраци од вистината почнаа да продираат во умот на овој законоучител. Христовите зборови го исполнија со страв и го наведоа да праша: ‘Како може тоа да биде?’ Со длабока сериозност, Исус одговори: ‘Ти си учител во Израел, па тоа ли не го знаеш?’ Овие зборови му ја пренесоа на Никодим пораката дека, наместо да се чувствува навреден од јасните зборови на вистината и да се препушта на иронијата, тој треба поради своето духовно незнаење да има многу поскромно мислење за себе. Сепак, Христовите зборови беа изговорени со толку свечено достоинство, а Неговиот тон и поглед изразуваа толку голема љубов кон него, што Никодим не се навреди додека ја согледуваше својата понижувачка положба“. – Testimonies to Ministers, pp. 368, 369.


Пон , 3. фев

2. ПРОМЕНА НА ВООБИЧАЕНИОТ СТАВ

а. Со што се гордееле фарисеите? Лука 18:9-12.

„Евреите први биле повикани во лозјето Господово и затоа биле горди и самозадоволни. Бидејќи долги години поминале во Божја служба, сметале дека тоа им дава право да добијат поголема награда од другите. Ништо не ги иритирало повеќе од навестувањето дека во поглед на Божјата милост и на незнабошците ќе им бидат дадени истите права и привилегии како и ним“. – Христовите поуки, 400.

б. Како Исус го илустрирал дејството на Светиот Дух во срцето? Јован 3:8.

„Ветрот се слуша меѓу гранките од дрвјата и како шушка во лисјата и цветовите, а Сепак е невидлив и никој не знае од каде Доаѓа и каде оди. Така, Светиот Дух делува на срцето. Тоа делување не може подобро да се објасни отколку со невидливото движење на ветрот. Човекот можеби не е во состојба точно да го одреди времето и местото или да се сети на сите околности во процесот на обратување, но тоа не значи дека не се обратил. Христос постојано работи врз срцето“. – Копнежот на вековите, 172.

в. Како се врежуваат божествените впечатоци во срцето? Исаија 30:21; Еремија 42:3; Матеј 16:17.

„Малку по малку, можеби несвесно за оној што ги прима, настануваат впечатоци што ја привлекуваат душата кај Христа. Тие можат да се примат преку размислување за Него, преку читање на Светото Писмо, преку слушање на Речта од жив проповедник. Одненадеж, кога Духот непосредно апелира, душата радосно се предава на Исуса. Многумина тоа го нарекуваат ненадејно обратување, но тоа е последица на долгото додворување на Божјиот Дух последица на трпелив, долготраен процес“. – Копнежот на вековите, 172.

„Дозволете вашите срца да бидат омекнати и покорени од Божјиот Дух. Нека се стопат замрзнатите души под дејство на Светиот Дух“. – Letters and Manuscripts, vol. 12, Letter 53, 1897.


Вто , 4. фев

3. ДОКАЗ ЗА НОВОТО РАЃАЊЕ

а. Како внатрешното дејствување на Светиот Дух се манифестира надворешно? Галатјаните 5:22-25.

„Иако сам по себе е невидлив, ветрот предизвикува ефекти што се гледаат и чувствуваат. Така и влијанието на Духот врз душата се открива во секоја постапка на оној што ја чувствува неговата спасоносна моќ. Кога Божјиот Дух презема контрола врз срцето, животот се преобразува. Грешните мисли се отфрлаат, злите дела се оставаат; љубовта, понизноста и мирот доаѓаат на местото на гневот, зависта и кавгата. Радоста го зазема местото на тагата, а на лицето се одразува небесна светлина“. – Копнежот на вековите, 173.

б. Кога човекот го прима благословот на преобразувањето? Римјаните 10:9,10; 1. Јованово 1:9.

„Никој не ја гледа раката, која го зема товарот, ниту ја забележува светлината, која Доаѓа од небесните дворови. Благословот Доаѓа, кога душата преку вера и се предава на Бога. Тогаш таа сила што ниту едно човечко око не може да ја види, создава ново суштество според Божјиот лик“. – Копнежот на вековите, 173.

„Додека Светиот Дух го обликува вашето срце секој ден, ќе имате божествена проникливост за да го согледате карактерот на Божјото царство. Никодим ја прифатил поуката од Христос и станал вистински верник“. – Testi¬monies to Ministers, pp. 369, 370.

в. Како Христос го илустрира овој процес? Матеј 13:33.

„Квасецот скриен во брашното дејствува невидливо додека не скисне сето тесто. Така и квасот на вистината дејствува таинствено, тивко, постојано, за да ја преобрази душата. Природните склоности се омекнуваат и потиснуваат. Се всадуваат нови мисли, нови чувства, нови побуди. Се поставува и ново стандард на карактерот - Христовиот живот! Умот се менува, способностите дејствуваат во нова насока. Човекот не стекнал нови способности, туку способностите што ги има се посветуваат. Совеста се буди. Сме добиле карактерни црти што нè оспособуваат да му служиме на Бога“. –Христовите поуки, 98.


Сре , 5. фев

4. ПОЗНАТА ИЛУСТРАЦИЈА

а. Како Христос го илустрирал Своето претстојно распнување? Јован 3:14,15.

„(Јован 3:14,15 цитиран). Тоа била област што ја познавал Никодим. Симболот на подигнатата змија му ја објаснил мисијата на Спасителот. Кога Израелскиот народ умирал од каснувањето на отровните змии, Бог му наредил на Мојсеј да направи змија од бакар и да ја постави на возвишено место среде логорот. Тогаш на цел народ му било објавено дека секој што ќе погледне во змијата ќе остане жив. Израелците знаеле дека сама по себе, змијата нема никаква сила да им помогне. Таа била симбол на Христа. Како што кипот, направен во облик на смртоносна змија бил подигнат за нивно исцелување, така и Тој, Кој бил ’во облик на грешно тело’ (Римјаните 8:3), требало да биде нивен Откупител. Многу Израелци сметале дека жртвената служба сама по себе има моќ да ги ослободи од гревот. Бог сакал да им покаже дека таа немала повеќе моќ отколку змијата од бронза. Со тоа сакал да ги насочи нивните мисли кон Спасителот. Тие не можеле да сторат ништо сами, било да се работи за исцелување на телесните рани или за ослободување од гревот, туку единствено со вера во Божјиот Дар. Требало да гледаат во Него за да живеат“. – Копнежот на вековите, 174,175.

б. И покрај одредбата, зошто некои луѓе умреле? 1. Коринтјаните 10:9; Евреите 3:12.

„Многу Израелци не сакале да си помогнат со лекот што го одредило Небото. Насекаде околу нив лежеле мртви и мноштво на претсмртна постела и биле свесни дека без Божја помош и самите сигурно ќе пропаднат; па сепак, и понатаму се јадосувале поради своите рани и болки и поради сигурната смрт сѐ додека не им исчезнала силата и не им се укочиле очите, а можеле за миг да се исцелат“. – Патријарси и пророци, 432.

б. Ако сакаме да се спасиме, каде треба да гледаме? Евреите 6:19,20.

„Кобните последици на гревот можат да бидат отстранети само со помош на средството за кое се погрижил Бог. Израелците го спасувале својот живот со тоа што би погледнале во подигнатата змија. Меѓутоа, тој поглед во себе содржел и вера. Останувале живи затоа што верувале во Божјиот збор и во средството предвидено за нивно исцелување. Така и грешникот може да гледа во Христа и да живее. Со вера во жртвата на помирување тој добива проштавање... Христос има во себе и сила и моќ да му помогне на грешникот кој се кае“. – Патријарси и пророци, 431.


Чет , 6. фев

5. ДА ГИ ДРЖИМЕ ОЧИТЕ ФИКСИРАНИ

а. Која поука што подоцна ја разбрал Никодим, треба да ја земеме при срце и секогаш да ја имаме на ум? Ефесјаните 2:8; Лука 13:20,21.

„Често се поставува прашањето: Зошто, тогаш, има толку многу луѓе, кои тврдат дека веруваат во Божјата реч, а не се гледа реформа во нивните зборови, духот и карактерот? Зошто има толку многу луѓе кои не можат да се спротивстават на нивните намери и планови, кои покажуваат непосветен темперамент, чии зборови се груби, арогантни и избувливи? Во нивниот живот се забележува истата онаа себична љубов, истото себично попуштање, истиот темперамент, истите непромислени зборови што се гледаат во животот на световните луѓе. Се забележува истата навредлива суета, истото попуштање кон природните склоности, истата изопаченост на карактерот, како вистината да им е целосно непозната. Причината е што тие не се преобратени! Тие не го скриле квасот на вистината во своето срце. Тој нема можност да ја изврши својата работа. Нивните природни и негувани склоности кон злото не се потчинети на нејзината трансформирачка моќ. Нивните животи го откриваат отсуството на Христовата милост, нивното неверување во Неговата моќ да го преобрази карактерот.

’Затоа, верата доаѓа од слушањето на пораката, а пораката - од Божјото слово’ (Римјаните 10:17). Библијата е силно средство за преобразба на карактерот. Христос се молел: ’Посвети ги со Својата вистина. Твоето слово е вистина’ (Јован 17:17). Кога се проучува и извршува, Божјата реч влијае врз срцето, покорувајќи ја секоја несвета особина. Светиот Дух доаѓа да го осуди гревот, а верата, која извира во срцето, работи со љубов кон Христа, помагајќи ни со телото, со духот и душата да стануваме слични со Него. Тогаш Бог може да нѐ употреби да ја извршиме Неговата волја. Силата што ни е дадена работи одвнатре, гонејќи нè на другите да им ја објавиме вистината што ни е дадена“. – Христовите поуки, 99.


Пет , 7. фев

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Која била главната особина на фарисеите во Христовото време?

2. Објасни како се препородуваме во Христовиот лик.

3. Како се манифестира трансформацијата на срцето?

4. Објасни го симболот на подигнатата змија.

5. Како параболата за квасецот покажува дека растете во Божја благодат.

 <<    >>